Changes between Initial Version and Version 1 of About


Ignore:
Timestamp:
06/02/26 12:51:13 (2 weeks ago)
Author:
201165
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • About

    v1 v1  
     1= Nutritioneer | За проектот
     2
     3
     4== Краток опис
     5Апликацијата е наменета за лесно одржување на конзистентност со здравата исхрана, следење на макро и микро хранливи материи, креирање и споделување на рецепти на едноставен начин.
     6
     7Главната функционалност е креирање на рецепти. Секој рецепт може јавно да се сподели како пост видлив за сите пријатели, или да се зачува приватно како кориснички лог — корисникот може да ги евидентира своите оброци во текот на денот. За секој рецепт се чуваат состојки, кои се клучни за пресметување на калориските и енергетските вредности. За секоја состојка се чуваат карактеристики како макро и микро нутриенти, како и хранливи рестрикциски тагови (кето, посно, халал, веган, алергени и слично). На овој начин корисниците можат едноставно да го следат внесот на нутриенти во текот на денот, без разлика дали водат дневник на оброци или избираат од објавените рецепти. На објавените рецепти може да се пишуваат коментари од страна на други корисници. Секоја рецепта може да биде уредувана или отстранета од корисникот кој ја создал. Било кој пост може да стане дел од неделниот планер за исхрана (во вишлиста формат).
     8
     9== Детален опис
     10
     11Апликацијата исто така вклучува модул за бројач на калории кој ги следи дневните макро и микро вредности (протеини, јаглехидрати, масти) во однос на целите поставени од корисникот. Функцијата за автоматско генерирање на листа за намирници создава пазарна листа директно од самите рецепти, со збирни количини на сите состојки. Корисниците можат да ги експортираат своите логови во различни формати за надворешна анализа или споделување со нутриционист. Секој кориснички профил содржи биометриски податоци — тежина, висина, возраст и целна тежина — за персонализирани калориски цели и следење на напредокот.
     12
     13=== 1. Сопственост и хостирање
     14Апликацијата е наменета за мал стартап или независен развивач кој ќе ја развие и хостира како SaaS (Software as a Service) платформа. Сопственикот на базата и апликацијата е компанијата-развивач, која ја нуди услугата на крајните корисници преку претплатнички модел или по freemium бизнис модел.
     15=== 2. Кои проблеми ги решава
     16Многу луѓе имаат потешкотии да го следат својот дневен внес на калории и нутриенти, да планираат оброци однапред и да одржат здрава исхрана на долг рок. Со многуте истражувања кои ги поврзуваат исхраната со здравјето потребно е генерализирана алатка за следење на процесот на поздрав живот. Постоечките алатки се или премногу комплексни или не нудат социјална компонента. Апликацијата го решава ова преку комбинација на следење на нутриенти, планер за оброци, автоматска листа за намирници и споделување на рецепти — сè на едно место.
     17=== 3. Типови на корисници
     18Постојат два типа на корисници:
     19•       Редовен корисник — креира рецепти, логира оброци, користи планер и ги следи своите нутриенти и прогрес (можност за разгранување на freemium/premium корисник)
     20•       Администратор — управува со базата на состојки, нутриенти и рестрикциски тагови, ги модерира јавните постови и корисничките профили
     21=== 4. Разлика од постоечки решенија
     22Постојат апликации како MyFitnessPal, Cronometer и Yummly, но ниту една не ги комбинира сите овие функции интегрирано. Оваа апликација се издвојува по тоа што:
     23•       Комбинира социјална мрежа за рецепти со детално следење на нутриенти
     24•       Нуди автоматска генерација на листа за намирници директно од неделниот планер
     25•       Поддржува извоз на лични логови за анализа кај нутриционист
     26•       Е целосно насочена кон македонски/регионален контекст на исхрана и рецепти
     27=== 5. Тип на апликација
     28Апликацијата е примарно веб апликација, достапна преку прелистувач на десктоп и мобилни уреди. Во подоцнежна фаза е планиран развој на нативна мобилна апликација (iOS и Android) за подобро корисничко искуство на телефон, особено за брзо логирање на оброци во движење.
     29=== 6. Идни имплеметации и проширувања
     30Како идни проширувања и дополнителни модули би предложил транзиција према „Mobile First“ развиток на апликацијата поради можноста за искористување на хадрверските алатки, развиток на претплатниот/freemium моделот и систем за плаќање, додавање на сесиски собири меѓу корисници и тренери, AI модел за анализа на месечна/дневна исхрана, AI модел за брза естимирана калкулација на слика од одреден рецепт (пример слика од порција шпагети болоњезе ~500g би прикажало 600kcal естимација)
     31
     32
     33
     34
     35== Фази
     36||= Фаза =||= Име на фаза =||= Статус =||
     37|| P0 || [https://develop.finki.ukim.mk/projects/nutritioneer/wiki/About Дефинирање проект] || Одобрен ||
     38|| P1 || Концептуален дизајн и ЕР Дијаграм || Одобрен ||
     39|| P2 || Логички и физички дизајн - DDL || WIP ||
     40|| P3 || Кориснички/апикациски сценарија со базата на податоци || WIP ||
     41|| P4 || Протип со основни функционалности || WIP ||
     42|| М1 || Презентација на прототип || WIP ||
     43|| P5 || Нормализација и оптимизација на дизајн || WIP ||
     44|| P6 || Напредни извештаи од базата  || WIP ||
     45|| P7 || Понапреден развој на базата || WIP ||
     46|| P8 || Напреден апликативен развој || WIP ||
     47|| P9 || Дополнителни имплементации || WIP ||
     48|| М2 || Финализиран проект || WIP ||
     49
     50
     51=== Trac Support ^([#hn полесна навигација])
     52
     53 * TracGuide --  Built-in Documentation
     54 * [http://trac.edgewall.org/ The Trac project] -- Trac Open Source Project
     55 * [http://trac.edgewall.org/wiki/TracFaq Trac FAQ] -- Frequently Asked Questions
     56 * TracSupport --  Trac Support
     57
     58For a complete list of local wiki pages, see TitleIndex.