wiki:About

Version 5 (modified by 201165, 12 days ago) ( diff )

--

Nutritioneer | За проектот

Краток опис

Апликацијата е наменета за лесно одржување на конзистентност со здравата исхрана, следење на макро и микро хранливи материи, креирање и споделување на рецепти на едноставен начин.

Главната функционалност е креирање на рецепти. Секој рецепт може јавно да се сподели како пост видлив за сите пријатели, или да се зачува приватно како кориснички лог — корисникот може да ги евидентира своите оброци во текот на денот. За секој рецепт се чуваат состојки, кои се клучни за пресметување на калориските и енергетските вредности. За секоја состојка се чуваат карактеристики како макро и микро нутриенти, како и хранливи рестрикциски тагови (кето, посно, халал, веган, алергени и слично). На овој начин корисниците можат едноставно да го следат внесот на нутриенти во текот на денот, без разлика дали водат дневник на оброци или избираат од објавените рецепти. На објавените рецепти може да се пишуваат коментари од страна на други корисници. Секоја рецепта може да биде уредувана или отстранета од корисникот кој ја создал. Било кој пост може да стане дел од неделниот планер за исхрана (во вишлиста формат).

Детален опис

Апликацијата исто така вклучува модул за бројач на калории кој ги следи дневните макро и микро вредности (протеини, јаглехидрати, масти) во однос на целите поставени од корисникот. Функцијата за автоматско генерирање на листа за намирници создава пазарна листа директно од самите рецепти, со збирни количини на сите состојки. Корисниците можат да ги експортираат своите логови во различни формати за надворешна анализа или споделување со нутриционист. Секој кориснички профил содржи биометриски податоци — тежина, висина, возраст и целна тежина — за персонализирани калориски цели и следење на напредокот.

1. Сопственост и хостирање

Апликацијата е наменета за мал стартап или независен развивач кој ќе ја развие и хостира како SaaS (Software as a Service) платформа. Сопственикот на базата и апликацијата е компанијата-развивач, која ја нуди услугата на крајните корисници преку претплатнички модел или по freemium бизнис модел.

2. Кои проблеми ги решава

Многу луѓе имаат потешкотии да го следат својот дневен внес на калории и нутриенти, да планираат оброци однапред и да одржат здрава исхрана на долг рок. Со многуте истражувања кои ги поврзуваат исхраната со здравјето потребно е генерализирана алатка за следење на процесот на поздрав живот. Постоечките алатки се или премногу комплексни или не нудат социјална компонента. Апликацијата го решава ова преку комбинација на следење на нутриенти, планер за оброци, автоматска листа за намирници и споделување на рецепти — сè на едно место.

3. Типови на корисници

Постојат два типа на корисници:

  • Редовен корисник — креира рецепти, логира оброци, користи планер и ги следи своите нутриенти и прогрес (можност за разгранување на freemium/premium корисник)
  • Администратор — управува со базата на состојки, нутриенти и рестрикциски тагови, ги модерира јавните постови и корисничките профили

4. Разлика од постоечки решенија

Постојат апликации како MyFitnessPal, Cronometer и Yummly, но ниту една не ги комбинира сите овие функции интегрирано. Оваа апликација се издвојува по тоа што:

  • Комбинира социјална мрежа за рецепти со детално следење на нутриенти
  • Нуди автоматска генерација на листа за намирници директно од неделниот планер
  • Поддржува извоз на лични логови за анализа кај нутриционист
  • Е целосно насочена кон македонски/регионален контекст на исхрана и рецепти

5. Тип на апликација

Апликацијата е примарно веб апликација, достапна преку прелистувач на десктоп и мобилни уреди. Во подоцнежна фаза е планиран развој на нативна мобилна апликација (iOS и Android) за подобро корисничко искуство на телефон, особено за брзо логирање на оброци во движење.

6. Идни имплеметации и проширувања

Како идни проширувања и дополнителни модули би предложил транзиција према „Mobile First“ развиток на апликацијата поради можноста за искористување на хадрверските алатки, развиток на претплатниот/freemium моделот и систем за плаќање, додавање на сесиски собири меѓу корисници и тренери, AI модел за анализа на месечна/дневна исхрана, AI модел за брза естимирана калкулација на слика од одреден рецепт (пример слика од порција шпагети болоњезе ~500g би прикажало 600kcal естимација)

Навигација низ проектот

Почетна страна

Фаза Име на фаза Статус
P0 Дефинирање проект Одобрен
P1 Концептуален дизајн и ЕР Дијаграм Одобрен
P2 Логички и физички дизајн - DDL WIP
P3 Кориснички/апикациски сценарија со базата на податоци WIP
P4 Протип со основни функционалности WIP
М1 Презентација на прототип WIP
P5 Нормализација и оптимизација на дизајн WIP
P6 Напредни извештаи од базата WIP
P7 Понапреден развој на базата WIP
P8 Напреден апликативен развој WIP
P9 Дополнителни имплементации WIP
М2 Финализиран проект WIP

(Trac навигација)

Note: See TracWiki for help on using the wiki.