| Version 3 (modified by , 2 weeks ago) ( diff ) |
|---|
Nutritioneer | Кориснички/апикациски сценарија со базата на податоци
Актери во сценаријата
Во системот Nutritioneer учествуваат три улоги на корисници, кои во базата се чуваат во колоната role на табелата "user" преку доменот user_role. Покрај нив, во сценаријата се јавува и системот како неантропоморфен актер.
Регистриран корисник (UCА01-UCA03)
- создава, уредува и брише сопствени рецепти заедно со нивните состојки и диететски ограничувања;
- објавува сопствени рецепти на заедничкиот фид и коментира туѓи објави;
- води дневник на внес преку планерот (intake_planner) и означува дали оброкот е реално консумиран;
- креира листи за купување, автоматски од рецепт или рачно по состојка;
- внесува сопствени биометриски мерења (тежина, висина, однос мускули/масти).
Администратор (UCB01-UCB03)
- додава, уредува и брише состојки во каталогот (ingredient) заедно со нивниот нутритивен состав на 100 грама;
- додава нутриенти (nutrient) и ја дефинира референтната дневна вредност за просечен возрасен човек;
- управува со диеталните ограничувања (restriction);
- модерира објави и коментари — архивира спорна објава или брише коментар;
- ја менува улогата на постоечка сметка, на пример унапредува корисник во тренер.
Тренер (UCC01-UCC03)
- прегледува сумарни извештаи за внесот на калории и макронутриенти на клиент за избран период;
- го следи напредокот на клиентот преку неговите биометриски мерења;
- создава и објавува сопствени рецепти наменети за одредено диететско ограничување;
- дава повратна информација на клиентот преку коментар на негова објава;
- анализира и рангира рецепти според густина на нутриенти.
Линкови до UseCases
Навигација низ проектот
| Фаза | Име на фаза | Статус |
|---|---|---|
| P0 | Дефинирање проект | Одобрен |
| P1 | Концептуален дизајн и ЕР Дијаграм | Одобрен |
| P2 | Логички и физички дизајн - DDL | Pending Confirmation |
| P3 | Кориснички/апикациски сценарија со базата на податоци | Pending Confirmation |
| P4 | Протип со основни функционалности | WIP |
| М1 | Презентација на прототип | WIP |
| P5 | Нормализација и оптимизација на дизајн | WIP |
| P6 | Напредни извештаи од базата | WIP |
| P7 | Понапреден развој на базата | WIP |
| P8 | Напреден апликативен развој | WIP |
| P9 | Дополнителни имплементации | WIP |
| М2 | Финализиран проект | WIP |
(Trac навигација)
- TracGuide Documentation
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.
