Version 1 (modified by 8 days ago) ( diff ) | ,
---|
BusinessCase
1. Цели
- Автоматизација на процесот на нарачки и резервации
Да се елиминира потребата од рачно внесување и управување со нарачки и резервации преку целосно дигитализирано решение.
- Подобрување на корисничкото искуство
Да се обезбеди брз и визуелно привлечен интерфејс кој ќе им овозможи на корисниците едноставно да направат нарачка или резервација.
- Интерактивна и флексибилна платформа
Да се овозможи избор меѓу готови пици и креирање сопствени, како и прилагодени нарачки со итна испорака.
- Транспарентност и следливост на порачките
Секој корисник и вработен да има јасен преглед на статусот на порачката (подготовка, готово, доставено).
2. Предности
- Брзо и едноставно нарачување
Апликацијата им овозможува на клиентите да направат нарачка за само неколку чекори, без потреба од телефонски повици или чекање во ред. Сè се одвива онлајн, со преглед на целиот процес.
- Интерактивно мени со визуелен приказ
Корисниците можат да прелистуваат низ целото мени со јасни слики и информации за секоја пица или додаток. Дополнително, има можност за креирање сопствена пица со визуелна анимација за додавање состојки.
- Намалување на недоразбирањата
Апликацијата значително го намалува ризикот од недоразбирања помеѓу клиентите и вработените. Со автоматско внесување на нарачките, визуелен приказ на избраните производи и јасни потврди по секој чекор (нарачка, резервација, плаќање)
3. • Проблеми со интернет конекција
Бидејќи апликацијата зависи од интернет, слаба или нестабилна конекција во некој од рестораните може да предизвика проблеми при нарачување, плаќање или резервирање.
- Безбедност на податоци
Постојат ризици поврзани со заштита на лични податоци на корисниците и податоци за плаќање.
- Зависност од други услуги
Ако апликацијата се потпира на трети платформи за плаќање (PayPal, Stripe и слично) или за мапирање на маршрути (Google Maps), какви било проблеми со овие услуги може да предизвикаат прекини во услугата.