| 104 | 104 | Функцијата handleCheckout ја извршува клучната логика за финализирање на купувањето. Прво проверува дали кошничката е празна, а потоа ги собира сите потребни податоци за нарачката — како што се производите, нивната количина, големина, цена, коментари и кориснички информации. Потоа преку axios.post ги испраќа овие податоци до backend серверот (http://127.0.0.1:8000/api/orders), каде што се зачувува нарачката. Доколку сè помине успешно, се прикажува порака за успешно праќање, кошничката се празни и корисникот се пренасочува кон почетната страница. Во случај на грешка, функцијата прикажува предупредување дека не успеало праќањето.  |