= Vision == 1. Вовед Денес, дигитализацијата игра клучна улога во унапредување на услугите во угостителството. Со цел да се подобри искуството на клиентите и да се олесни работењето на вработените, се предлага развој на модерна апликација за пицерија која ќе овозможи целосно автоматизиран процес на нарачки и резервации. Апликацијата ќе понуди интуитивен и визуелно привлечен интерфејс преку кој корисниците лесно ќе можат да нарачаат храна, да направат резервација и да изберат начин на плаќање. Ова решение ќе ја зголеми ефикасноста, ќе го намали потребниот човечки ангажман и ќе придонесе за побрза и поквалитетна услуга. == 2. Позиционирање === 2.1 Дефинирање на проблем ||= Проблемот на =|| Недоволна дигитализација и бавен процес на нарачки, резервации и испорака во пицериите. || ||= Ги засега =|| Kлиентите кои чекаат долго или добиваат погрешни нарачки, вработените во пицеријата кои се преоптоварени со рачно управување со нарачки и комуникација. || ||= Последици од проблемот =|| Долги чекања, грешки во нарачки, преоптоварени вработени, незадоволни клиенти и намалена ефикасност. || ||= Успешно решение би било =|| Развој на апликација која овозможува онлајн нарачки, интерактивно мени, резервации, автоматско управување со нарачките и плаќањата. || === 2.2 Позиција на пазарот ||= За група корисници =|| За гости на пицеријата и вработени. || ||= Коишто =|| Сакаат брзо, едноставно и прецизно нарачување и услуга. || ||= P&A Crust =|| Лесно онлајн нарачување, интерактивно креирање пици, резервации на маси. || ||= Која овозможува =|| Онлајн нарачки, резервации, интерактивно мени и автоматско управување со нарачки. || ||= За разлика од =|| Традиционалниот начин со рачно земање нарачки и ограничена евиденција. || ||= Нашиот продукт =|| Го подобрува корисничкото искуство и ја зголемува ефикасноста на работењето. || == 3. Опис на засегнати страни === 3.1 Преглед ||= Име =||= Опис =||= Одговорност =|| || Администратор || Газдата на ресторанот || Да прави проверка на порачките, резервациите и прометот. || || Вработени || Сите лица кои се во работен однос во ресторанот. || Да прифаќаат нарачки од апликацијата и внесуваат нови нарачки во ресторанот. || || Клиент || Секој корисник на апликацијата. || Со користење на апликацијата да резервира маса и да направи порачка. || || Развивач на апликацијата || Лице кое е засегнато со развивање и одржување на апликацијата. || Развивање на апликацијата и решавање на проблеми поврзани со апликацијата. || === 3.2 Корисничка средина Апликацијата е наменета за сите типови на корисници – од млади кои сакаат брза и лесна нарачка, до семејства кои сакаат да резервираат маса однапред. Погодна е и за луѓе кои сакаат да нарачаат за носење. Благодарение на едноставниот дизајн, можат да ја користат и луѓе што не се многу вешти со технологија, а има доволно функции и за оние што сакаат повеќе контрола и удобност. == 4. Преглед на производот === 4.1 Потреби и карактеристики ||= Потреба =||= Приоритет =||= Карактеристики =|| || Регистрација/најава || Задолжително || Корисникот се најавува со емаил || || Регистрација/најава || Задолжително || Корисникот прави резервација/нарачка || || Откажување на резервација/нарачка || Задолжително || Корисникот ја откажува својата резервација/нарачка || || Преглед на мени || Задолжително || Сите пици и додатоци видливи за избор || || Креирање пица || Задолжително || Уникатна пица на клиент со додавање состојки || || Итна нарачка || Задолжително || Опција за побрза достава со доплата || || Сметка/плаќање online || Задолжително || Секогаш видлива од десна страна || || Статус на порачка || Задолжително || Се гледа дали е во подготовка или готова || == 5. Други барања (услови) ||= Барање =||= Приоритет =|| || Мобилен телефон, таблет или лаптоп/компјутер || Задолжително || || Интернет конекција || Задолжително || || Пристап до прелистувач || Задолжително ||