= Краток опис на проектот = Оваа база на податоци и веб-апликација ќе служи за организирање и управување со приватни часови помеѓу наставници и ученици. Учениците ќе можат да закажуваат часови со наставници според нивната достапност, а наставниците ќе треба да ги одобрат барањата. Платформата ќе поддржува интеграција со календари за подобра организација, можност за прилагодување на часовите (онлајн или во живо) и автоматски потсетници за закажаните термини. Дополнително, апликацијата ќе овозможува оставање рецензии и оценки за наставниците, следење на напредокот на учениците преку персонализирани извештаи, како и управување со наставните материјали и историјата на часовите. ---- = Детален опис на проектот = == За кого е наменета базата на податоци и проектот? == Базата на податоци ќе биде управувана и поседувана од компанија која обезбедува услуги за посредување помеѓу наставници и ученици. Пристап до системот ќе имаат наставници, ученици, како и администратори кои ќе го одржуваат и подобруваат функционирањето на платформата. == Какви проблеми во образовниот процес ќе решава оваа апликација? == Со оваа апликација ќе се поедностави процесот на организирање приватни часови, комуникацијата меѓу учениците и наставниците, како и следењето на напредокот на учениците. Ќе се решат проблемите како што се: * Недостаток на централизирана платформа за закажување часови. * Тешкотии во следење на историјата и напредокот на учениците. * Непостојаност во одржувањето на часовите поради недоволна комуникација. * Недостаток на интеграција со календари и систем за потсетници. == Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот? == Во системот ќе постојат неколку типови на корисници: * '''Ученици''' – ќе можат да пребаруваат наставници, да закажуваат часови, да добиваат потсетници и да следат извештаи за својот напредок. * '''Наставници''' – ќе управуваат со својот распоред, ќе одобруваат или одбиваат барања за часови, ќе водат евиденција за учениците и ќе испраќаат повратни информации. * '''Администратори''' – ќе имаат надзор над платформата, ќе управуваат со корисничките профили, ќе ги решаваат техничките проблеми и ќе водат грижа за квалитетот на услугите. Со оваа структура, апликацијата ќе обезбеди ефикасно и организирано искуство за сите учесници во образовниот процес.