= Pet Adoption Center Skopje = == Членови на тимот ||=Име и презиме=||=Индекс=|| || Димитар Чучанов || 211223 || == Краток опис на проектот **PAC** е веб апликација која го олеснува процесот на **посвојување на милениче**. Корисници на PAC може да биде **посвојувач** или **засолниште**.Посвојувачот може да разгледува и аплицира за **милениче** од одредено засолниште, додека засолнништата можат да додаваат нови миленици на страната и дa прима **апликации**.Апликциата ќе биде разгледувана според дадени критериуми дали ќе биде прифатена. **PAC** користи **централна база** на податоци, овозможувајќи сигурност и конзистентност на податоците за сите корисници. == Детален опис на проектот * **За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?** Проектот е наменет за секој кој ги исполнува условите за посвојување на милениче и засолништа кои имаат миленици за посвојување.Корисниците креираат свои сметки соодветно(посвојувач или засолниште) со кои пристапуваат до **централна база** на податоци преку апликацијата. Базата ќе биде администрирана централизирано од тимот на PAC, со цел обезбедување на сигурност и конзистентност. * **Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?** **PAC** го олеснува начинот на посвојување така што засолништата полесно ги претставуваат своите миленици до посвојувачите, го олеснуваат начинот на клиентите да дојдат до своето ново милениче, а со тоа паралелно се намалуваат и животните скитници. - **Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?** Ќе постојат два вида на корисници на страната кои може да бидат посвојувач или засолниште. - **Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект.** Не постои односно според моето пребарување не сум сретнал таков вид на апликација на нашата територија. - **Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?** Се работи за веб апликација која е направена да биде конзистентна и лесно употреблива за сите уреди.