wiki:WikiStart

Version 3 (modified by 212027, 8 days ago) ( diff )

--

Pharma Export

Членови на тим

Име Индекс
Давид Ристовски - координатор 212027
Бојан Милевски 211561

Kраток опис на проектот

Pharma Export е компанија што се занимава со производство и извоз на лекови. Целта на проектот е создавање систем за автоматско генерирање на PDF фактури за извоз на лековите. Фактурата ги содржи потребните информации за примо-предавање и царинење на робата по општо прифатените меѓународни стандандарди во индустријата. Базата од која апликацијата ги влече информациите содржи информации за: вработени (и нивните позиции/улоги), клиенти, шпедитори, паритет, приемачи на робата, курсеви за валути, количина, распределба и пакување на производот, нето и бруто цена, и останати соодветни ставки кои попатно ќе бидат дефинирани. Првичната идеја е да се создаде .Net Core веб апликација што ќе ја користи QuestPDF библиотеката за генерирање на PDF документи. Веб апликацијата ќе имплементира CRUD операции кои ќе служат за манипулација на ставките во базата.

Детален опис на проектот

За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби:

Апликацијата и базата од која црпи податоци се наменети за претпријатие кое се занимава со производство и извоз на лекови. Податоците од базата ќе ги пристапува веб апликацијата со која ќе ракуваат вработените - комерцијалисти со фунцкија координатори за извоз.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?:

Целта е да се добие на време при процесот на генерирање на фактури за извоз, заменувајќи ги општите комерцијални решенија како SAP и Access, така што ќе развиеме специјализирана база и веб апликација за потребите на фирмата.

Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?:

Аплкикацијата е наменета да биде користена од страна на вработените одговорни за извозот. Тие ги имаат и акредитивите за промена на конкретните ставки од базата преку апликацијата, додека директен подробен пристап до базата би имал системскиот администратор.

Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?:

За целите на фирмата софтверот SAP и веќе постоечката Access база која ја користат вработените, делумно добро го имаат решено проблемот на генерирање на факутури. Но, често настануваат грешки во врска со пресметките за тежината, нето и бруто количината и пакувањето на робата во случајот на SAP. Веќе постоечката Access база не е доволно оптимизирана (со што се губи на време). Сметаме дека со развивање на специјализиран софтвер овој процес ќе се поедностави и забрза за вработените.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?:

Се работи за веб апликација.

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.