Име на проектот: profesori.mk Опис на проектот: Вид на review site со цел систематизирање на мислењата и искуствата на студентите во врска со професорите и предметите на високообразовните институции во државава. Основната функционалност е можноста корисниците да пребаруваат по организирана база од „профили“ со напишани мислења за професорите, што е попрегледно од прашување на форум. Регистрираните корисници би имале слобода да додаваат и коментираат мислења, да оставаат оценки и друго. Важни/пожелни цели се и имплементицијата на некој вид модерација или филтрирање на содржината (човечка модерација, ограничен број на анонимни мислења, барање за верификација на корисникот и сл.), како и автоматско ажурирање на базата од некој екстерен извор, на пр. сајтовите на факултетите.