= Reportium = == Краток опис на апликацијата == Оваа апликација, наречена **Reportium**, овозможува креирање сопствено податочно множество врз основа на достапните информации од базата на податоци. Апликацијата е дизајнирана со цел да симулира реални сценарија преку генерирани податоци за луѓе, овозможувајќи демонстрација на различни функционалности. Корисниците можат да изберат меѓу неколку типови извештаи – како што се медицински, социјални, криминални или едукациски извештаи – и да вршат филтрирање врз тие податоци според свои критериуми. Откако ќе ги добијат резултатите, истите може да се симнат локално во одбраниот формат (.csv или .pdf) датотека, што дополнително овозможува понатамошна анализа и истражување. Апликацијата е наменета пред сè за образовни, академски или тестирачки цели, и претставува одлична алатка за учење на концепти поврзани со бази на податоци, извештаи, филтрирање, безбедност и управување со податоци. == Детален опис на апликацијата == ==== За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби ==== Базата на податоци и апликацијата се наменети за организации или институции кои имаат потреба од собирање, обработка и анализа на податоци за специфична популација или група на луѓе. Сопственик на системот би била организацијата која ја користи апликацијата како сервис и која е одговорна за обезбедување на податоците и нивната сигурност. * Во првата замисла, апликацијата би можела да се користи од страна на агенција за истражување на одредена популација, група на лица или поединци во рамките на државата. Со соодветно внесена база на податоци до која пристап има само оваа агенција, би можело да се вршат различни видови истражувања, како што се демографски анализи, социолошки студии или целни истражувања поврзани со конкретни групи. * Втората замисла е апликацијата да функционира како платформа каде што постоечките податоци можат да се користат за составување на податочни множества (datasets), кои потоа би можеле да се користат за тестирање и тренирање на модели или за други податочни анализи. Овие податочни множества би можеле да бидат повторно користени од аналитичари вработени во единица за разузнавање. ==== Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка? ==== Ако добро се разбере идејата која произлегува од претходниот одговор, ќе дојдеме до заклучок дека оваа апликација би била совршено решение за сите податоци и извештаи низ институциите кои се создадени за било кој државјанин во една држава да се складираат на едно место и лесно да се филтрира низ нив, за да се одработат потребните цели. ==== Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти? ==== Профил на самата апликација би се добивало само за оние луѓе кои би биле вработени во некава единица за разузнавање. Поради овој факт, не се потребни повеќе од 2 улоги за успешно да се задоволат потребите на апликацијата, а истите се следниве: * Admin Role - оваа улога овозможува уредување и менување на улогите на другите корисници, а дополнително во иднина оваа улога би имала и некои други пристапи, се со цел да ги одвои надредените од своите вработени * User Role - оваа улога овозможува пристап до секоја функционалност во апликацијата, освен до менувањето на улогите, што е работа само на admin корисници. ==== Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог? ==== Па сметам дека не постои ваква апликација која би го овозможила филтрирањето толку детално. Дополнително, мојот предлог нуди освежен и модерен кориснички интерфејс кој е интуитивен и разбирлив, дури и за корисници без специјализирано знаење за податоци или аналитика. Покрај тоа, платформата е дизајнирана да овозможи лесно создавање на податочни множества (datasets) кои можат да се користат за тестирање, тренирање на модели за машинско учење и други видови податочни анализи, што ја прави практична и за истражувачки цели. Оваа комбинација на детално прочистување на податоци, интуитивен интерфејс и функционалност за подготовка на податочни множества ја прави апликацијата уникатна уште во фазата на MVP (minimum viable product). ==== Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација? ==== Се работи за веб апликација, која е изработена со речиси најновите технологии - **Spring Boot**. Што се однесува до типот на базата, се користи **PostgresSQL**, која нуди изобилие од функционалности и добра оптимизација за понатамошно скалирање на апликацијата и проектот. [[Image(image.jpg, width=350,height=500, align=center)]]