== Детален опис на апликацијата == Оваа апликација, наречена **Reportium**, овозможува креирање сопствено податочно множество врз основа на достапните информации од базата на податоци. Апликацијата е дизајнирана со цел да симулира реални сценарија преку генерирани податоци за луѓе, овозможувајќи демонстрација на различни функционалности. Корисниците можат да изберат меѓу неколку типови извештаи – како што се медицински, социјални, криминални или едукациски извештаи – и да вршат филтрирање врз тие податоци според свои критериуми. Откако ќе ги добијат резултатите, истите може да се симнат локално во одбраниот формат (.csv или .pdf) датотека, што дополнително овозможува понатамошна анализа и истражување. Апликацијата е наменета пред сè за образовни, академски или тестирачки цели, и претставува одлична алатка за учење на концепти поврзани со бази на податоци, извештаи, филтрирање, безбедност и управување со податоци. Апликацијата се изработува во **Spring Boot**, употребувајќи **PostgresSQL** база на податоци. [[Image(image2.jpg)]]