| 9 | Во навигациската лента на страницата, постои копче под лабелата ''All Reports'', чие притискање го редиректира најавениот корисник кон страница на која се прикажани сите можни извештаи во општиот свој облик и истите може да бидат разгледани. Тие се извлечени со соодветно квери од самата база на податоци, и исто така воведена е пагинација на податоците за соодветно поголема прегледност. Воедно воведено е и сортирање по некои покарактеристични атрибути, кое дополнително ја збогатува самата апликација и го зголемува користењето на дополнителни делчиа за кверирање. |