== Филтрирање по тип на извештај == **Цел:** Целта е да се овозможи конкретно избирање на одреден извештај кој достапен во самата база на податоци. Во моментот на креирање на апликацијата достапни се 4 типа на извештаи: * Академски извештај * Медицински извештај * Криминален извештај * Едукациски извештај **Главната идеја** Во самиот дел каде се наоѓаат извештаите, корисникот има опции да филтрира по тип на извештај, во горниот лев агол од прозорецот. Филтрирањето може да биде применето во моментот кога е селектиран еден од 4-те radio buttons, до кои стои соодветна лабела на извештај кого го репрезентираат. Доколку се избере некој од тие извештаи, соодветно копчето за аплицирање на филтерот станува активно и со негово притискање корисникот е редиректиран на друга страна каде е прикажана табела од сите можни извештаи, притоа со детален опис од избраниот тип. Корисникот дополнително има можност да превземе податоци, и тоа на два начина, од кои самиот избира: * .pdf датотека * .csv датотека