== Самостојно прилагодено филтрирање по тип на Report запис, или Person запис == **Цел:** Тука, целта е со соодветни избори за пополнување кои се понудени, да се креира во позадината квери со соодветна сложеност, кое ќе ги повлече податоците кои одговараат на тие филтри. **Главната идеја** Корисникот може да избере да филтрира на негов начин, така што во горниот десен агол од екранот го избира ''Use Advanced Filters''. Тоа ќе редиректира на страница, каде направено е избирање на едно од 5те можности за филтрирање: * Академски извештај * Медицински извештај * Криминален извештај * Едукациски извештај * Person ентитетот Доколку постојат податоци кои одговараат на применетите филтрирања, тие соодветно ќе бидат покажани во општ облик на Report ентитетот. Покрај што во позадината се креира сложено, генеричко и динамичко квери кое соодветно ќе биде извршено, се овозможува и состојбено менување на самите типови на извештаи по кои се филтрира, за да се намали шансата за забагување на апликацијата.