== Додавање нов извештај за одбрана личност == **Цел:** Целта на оваа функционалност е да се овозможи додавање на нов извештај за секој од Person објектите (луѓето) кои се достапни во базата. Оваа функционалност овозможува збогатување и одржување на резимето на извештаи за одредена персона. **Главната идеја** Корисникот избира еден Person и се пренасочува кон неговиот профил. Веднаш во горниот дел од страницата, има 4 опции за додавање на нов извештај, односно каков тип на извештај сака корисникот да додаде: Ако корисникот избере да додаде ''медицински наод'', се појавува формата која е потребна да се пополни. Истата таа ги содржи следните влезни податоци: **Влезни податоци за !MedicalReport:** * Опис на случајот * Закажување следна контрола на пациентот * Кој доктор го прегледал * Дијагноза која е доделена (избор на 0 или повеќе дијагнози) Овозможено е и додавање на дијагноза веднаш на самиот панел, со клик на копчето Add New Diagnosis. Формата која се појавува на таа страна ги има следните полиња за пополнување: * Опис на дијагноза * Опис на терапија за дијагнозата * Дали е хронична * Колку дијагнозата е загрозувачка Од кога корисникот ги пополнува потребните полиња, тој соодветно може да го прикачи медицинскиот наод и истиот се меморира во базата на податоци. Корисникот е редиректиран на панелот на Person објектот на кого му е додаден соодветниот медицински наод, кој е видлив во делот на !MedicalReports. Истото ова се повторува за останатите 3 извештаи, но различни се нивните влезни полиња. **Влезни податоци за !CriminalReport:** * Опис на случајот * Локација * Статус на случај * Тип на криминал * Тип на казна * Ако казната е парична - се внесува сумата, во спротивно ако е затворска се внесува датумот на ослободување **Влезни податоци за !AcademicReport:** * Избор на институција * Која насока се избира * Опис на самиот извештај **Влезни податоци за !EmploymentReport:** * Почетен работен ден * Доколку веќе не работи во истото место, се внесува краен, во спротивно сеуште се меморира како вработен * Наведување на работната позиција * Месечен приход * Опис на работата