== Додавање нов извештај за одбрана личност == **Цел:** Целта на оваа функционалност е да се овозможи додавање на нов извештај за секој од Person објектите (луѓето) кои се достапни во базата. Оваа функционалност овозможува збогатување и одржување на резимето на извештаи за одредена персона. **Главната идеја** Корисникот избира еден Person и се пренасочува кон неговиот профил. Веднаш во горниот дел од страницата, има 4 опции за додавање на нов извештај, односно каков тип на извештај сака корисникот да додаде: Ако корисникот избере да додаде ''медицински наод'', се појавува формата која е потребна да се пополни. Истата таа ги содржи следните влезни податоци: **Влезни податоци за MedicalReport:** * Опис на случајот * Закажување следна контрола на пациентот * Кој доктор го прегледал * Дијагноза која е доделена (избор на 0 или повеќе дијагнози) Овозможено е и додавање на дијагноза веднаш на самиот панел, со клик на копчето Add New Diagnosis. Формата која се појавува на таа страна ги има следните полиња за пополнување: * Опис на дијагноза * Опис на терапија за дијагнозата * Дали е хронична * Колку дијагнозата е загрозувачка Од кога корисникот ги пополнува потребните полиња, тој соодветно може да го прикачи медицинскиот наод и истиот се меморира во базата на податоци. Корисникот е редиректиран на панелот на Person објектот на кого му е додаден соодветниот медицински наод, кој е видлив во делот на MedicalReports. Истото ова се повторува за останатите 3 извештаи, но различни се нивните влезни полиња. **Влезни податоци за CriminalReport:** * Опис на случајот * Локација * Статус на случај * Тип на криминал * Тип на казна * Ако казната е парична - се внесува сумата, во спротивно ако е затворска се внесува датумот на ослободување **Влезни податоци за AcademicReport:** * Избор на институција * Која насока се избира * Опис на самиот извештај **Влезни податоци за EmploymentReport:** * Почетен работен ден * Доколку веќе не работи во истото место, се внесува краен, во спротивно сеуште се меморира како вработен * Наведување на работната позиција * Месечен приход * Опис на работата ==== SQL queries за правилно одвивање на настаните ==== Во продолжение ќе го приложам линкот каде може на едно место да ги најдете сите 4 процедури за вметнување на еден од можните типови на извештај. Сите вметнувања ја имаат истата структура, но со различни проверки, со цел да се осигураме дека во правилен формат се вметнува извештајот. Линк до функции за вметнување