= Избор на технологии = ==== Развој на frontend - React.js ==== Развој на backend - ASP.NET Core ==== База на податоци - PostgreSQL Одлучив да работам на frontend со react.js бидејќи користи рендерирање на клиентска страна со што овозможува подинамички вебстрани. Имам правено други проекти со оваа технологија и сакам да го надоградам моето знаење. За backend одбрав .net core како докажана технологија која постои со децении со голем број на придружни библиотеки. За база на податоци избрав PostgreSQL како технологија која се користи и кај системи со милиони редови податоци, со релативно лесна конфигурација и голем број на алатки за лесно користење. Разгледував и дополнителни технологии како .NET MVC или Spring со Thymeleaf, но се одлучив за оваа поделба на frontend и backend како пофлексибилна во однос за во иднина ако би се правела мобилна апликација и слично.