= Визија == 1. Вовед Угостителството како широко распространет сектор низ светот има потреба од дигитализација. Дигитализацијата е присутна, но тоа не е се го еден систем со кој сите вработени би имале контрола, олеснета работа, подобро планирање и поголема заработка. Нашата платформа нуди обработка на менија, менаџирање со кујна и ресурси и потреби на кујната, менаџмент со човечки ресурси и статистички податоци. Самата статистика на корисниците им олеснува да увидат како можат да се подобрат, сето тоа е дигитализирано без пресметки на лист и чување на потребните податоци. Од друга страна, самите клиенти на ресторантот можат да направат резервација, сигурно и безбедно и да го одбегнат случајот да не најдат маса во својот омилен ресторант. Ресторанот објавува попусти и менија кои се јавно видливи и можат да се користат при својата нарачка и резервација. Сето тоа би привлекло повеќе клиенти кои се секогаш задоволни == 2. Позиционирање ==== 2.1 Дефиниција на проблем ||= Тема на проблем =|| Креирање менија во свој уникатен систем кој што има опција физички да се испечатат и автоматски да се објават достапни за корисниците кои можат тоа брзо и лесно да го прегледаат. || ||= Ги засега =||Сопствениците и вработените кои се одговорни за составување и промена на менијата и клиентите кои сакаат да го посетат ресторантот и да јадат во него.|| ||= Со следните последици =||За да се промени едно мени, истото да се прикачи онлајн за биде достапно на клиентите и за да се приготват физички копии, потребно е доста време и ресурси. || ||= Успешно решение би било =||Систем кој може да генерира мени, да го прикаже онлајн, притоа да биде достапно за сите брзо и лесно, што е голема придобивка за сите корисници. || \\ ==== 2.2 Позиционирање на пазарот ||= За групата корисници =|| Раководители на ресторани || ||= Кои =|| Сакаат полесно да управуваат со своите одговорности во самиот ресторант, како и да бидат поефикасни и да увидат статистика за ресторанот. || ||= !ResManage =|| Веб-Апликација || ||= Која овозможува =|| Преглед на детална статистика и менаџмент || ||= За разлика од =|| / || ||= Нашиот продукт =||Е уникатен и нуди решенија кои олеснуваат и автоматизираат голем дел од процесите во ресторанскиот менаџмент, при што се намалува ризикот од човечки грешки.|| \\ ||= За групата корисници =|| Клиентите на ресторанот || ||= Кои =|| Сакаат да резервираат маса, прегледаат мени и да искористат попуст. || ||= !ResManage =|| Веб-Апликација || ||= Која овозможува =|| Резервирање маса, користење попуст кој се добива со зголемена редовност. || ||= За разлика од =|| / || ||= Нашиот продукт =||Со минималистички интерфејс, им овозможуваме на корисниците лесно да дојдат до посакуваните податоци и посакуваната цел(брза и лесна резервација ). || == 3. Опис на засегнати лица === 3.1 Преглед на засегнати ||= Име =||= Опис =||= Одговорности =|| || Координатор ||Лице кое има најголема одговорност и можност кон админскиот дел || Креирање на други корисници за админскиот дел, преглед на сите податоци во админскиот дел и нивно координирање. || ||Корисници на админскиот дел || Работа со админскиот дел || Промена, проверка на податоци релевантни кон другите корисници на админскиот дел и клиентскиот дел. || || Корисници на клиентскиот дел || Резервирање, краток преглед на ресторанот, користење попуст. || Користење на податоци кои се точни, почитување на полисите на ресторанот. || || Развивач на апликација || Лице/а кое ќе ги достават барањата соодветно || Развивање и одржување на апликацијата во координација со сопствениците || === 3.2 Корисничка околина Апликацијата има два системи од кои, админски дел и клиентски дел. Клентскиот дел е наменет за клиентите на ресторантот со што ќе има кориснички интерфејс кој може да биде пристапен од веб прелистувач. Админскиот дел е достапен за сите лица кои работат во ресторанот, имаат привилегија и корисник креиран во нашиот систем, достапен од веб прелистувач, каде што има кориснички интерфејс со потребни податоци за преглед, внес и промена. == 4. Преглед === 4.1 Потреби и карактеристики ||= Потреба =||= Приоритет =||= Карактеристики =|| || Разгледување на распоред || Висок || Секој вработен ќе биде известен и ќе има пристап до работниот календар || || Разгледување на статистики || Треба да го има || Олеснет и централизиран пристап до информации за магацинот || || Регистрирање на вработени || Висок || Нововработените ќе добиат кориснички профил соодветно со привилегиите кои произлегуваат од нивното работно место || || Разгледување на мени || Висок || Клиентите ќе имат пристап до уникатното мени на ресторанот || Разгледување на настани || Висок || Секој клиент ќе добие информации за нови настани исто така тие ќе бидат достпани на веб страната || Увид на достапност || Висок || За секој ден од месецот ќе бидат наведени потврдените резервации од страна на клиентите || Креирање на резревација || Висок || Преку едноставен формулар секој клиент би можел да направи резервација преку веб страната || Додавање на ставки || Треба да го има || Со едноставен формулар пополнат од страна на магационерот, новите ставки ќе се додат во системот и истите ќе се асоцират со определена група на ставки || || Отстранување на ставки || Треба да го има || Со едностани акции, магационерот би можел да ги отстрани потрошените ставки и ставките со поминат рок на употреба || == 5. Други барања ||= Барање =||= Приоритет =||= Се однесува =|| || Уред (лаптоп, десктоп компјутер, телефон) || Мора да се поседува || Двата системи || || Пристап до интернет || Мора да се поседува || Двата системи || || Пристап до веб прелистувач || Мора да се поседува || Двата системи ||