= Креирање и пополнување на базата = Во оваа фаза се креира шемата на базата на податоци, се дефинираат сите табели, ограничувања и клучеви, а потоа базата се пополнува со иницијални и масовни податоци. Дополнително, се прави проверка на бројот на внесени записи во најголемите табели. === DDL скрипта за креирање на шемата и табелите === '''Фајл:''' 01_schema_definition.sql Оваа скрипта ја брише постоечката public schema, ја креира повторно и ги дефинира сите табели во базата. Во неа се вклучени primary keys, foreign keys, unique constraints, check constraints, default вредности и секвенци. === DML скрипта за иницијално пополнување на базата === '''Фајл:''' 02_initial_seed_data.sql Оваа скрипта внесува почетни default податоци во табелите. Овие податоци се потребни за правилно функционирање на релациите меѓу табелите и за да може понатаму успешно да се изврши масовното пополнување на базата. === DML скрипта за масовно пополнување на базата === '''Фајл:''' 03_bulk_data_population.sql Оваа скрипта ја пополнува базата со голем број записи користејќи SQL генерација на податоци. Целта е да се добијат реалистични податоци и неколку табели со голем обем на записи, потребни за понатамошно тестирање и анализа. === Скрипта за дополнително пополнување со голем обем на податоци === '''Фајл:''' 04_extended_bulk_population.sql Оваа скрипта дополнително внесува голем број записи во клучните табели кои најмногу се користат во системот. Со ова се симулира реално користење на апликацијата и се создава поголем dataset за понатамошна работа. === Скрипта за проверка на бројот на записи === '''Фајл:''' 05_data_validation_counts.sql Оваа скрипта се користи за проверка на бројот на внесени записи во најголемите табели. На овој начин се потврдува дека пополнувањето на базата е успешно извршено.