wiki:DatabaseCreation

Version 4 (modified by 231184, 8 days ago) ( diff )

--

Креирање и пополнување на базата

Во оваа фаза се креира шемата на базата на податоци, се дефинираат сите табели, ограничувања и клучеви, а потоа базата се пополнува со иницијални и масовни податоци. Дополнително, се прави проверка на бројот на внесени записи во најголемите табели.

DDL скрипта за креирање на шемата и табелите

Фајл:

<code>01_schema_definition.sql</code>

Оваа скрипта ја брише постоечката public schema, ја креира повторно и ги дефинира сите табели во базата. Во неа се вклучени primary keys, foreign keys, unique constraints, check constraints, default вредности и секвенци.

DML скрипта за иницијално пополнување на базата

Фајл:

<code>02_initial_seed_data.sql</code>

Оваа скрипта внесува почетни default податоци во табелите. Овие податоци се потребни за правилно функционирање на релациите меѓу табелите и за да може понатаму успешно да се изврши масовното пополнување на базата.

DML скрипта за масовно пополнување на базата

Фајл:

<code>03_bulk_data_population.sql</code>

Оваа скрипта ја пополнува базата со голем број записи користејќи SQL генерација на податоци. Целта е да се добијат реалистични податоци и неколку табели со голем обем на записи, потребни за понатамошно тестирање и анализа.

Скрипта за дополнително пополнување со голем обем на податоци

Фајл:

<code>04_extended_bulk_population.sql</code>

Оваа скрипта дополнително внесува голем број записи во клучните табели кои најмногу се користат во системот. Со ова се симулира реално користење на апликацијата и се создава поголем dataset за понатамошна работа.

Скрипта за проверка на бројот на записи

Фајл:

<code>05_data_validation_counts.sql</code>

Оваа скрипта се користи за проверка на бројот на внесени записи во најголемите табели. На овој начин се потврдува дека пополнувањето на базата е успешно извршено.

Attachments (3)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.