Во Република Македонија управувањето на резервите со крв се врши преку телефон. Овој начин е премногу бавен и нефункционален бидејќи при итни или ненадејни операции нема да има доволно време за да се контактираат сите болници и донатори за крв. Со овој систем ќе се подобри работата и сите засегнати страни ќе имаат преглед на достапност на крвта во секое време. Овој документ ќе се осврне на проблемите со кои што во моментот се соочуваат сите болници и ќе го опишеме решението кое што би го обезбедил нашиот систем за управување со резерви на крв во Република Македонија. Ќе ги детализираме учесниците во проектот и ќе ги опишеме начините на кои што тие ќе бидат погодени од имплементацијата на овој систем. Исто така ќе дефинираме и барањата на овој систем и основната архитектура која што тој ќе ја користи.