=== Студија на изводливост За изготвување на ново сопствено софтверско решение потребни се значителни финансиски средства како и подолг временски период. Но, користењето на готови софтверски решенија има свои сопствени предности и недостатоци. За предност може да се смета дека веќе имате софтверско решение на располагање, но за недостаток ќе се смета тоа што избраното софтверско решение може да не ги задоволи потребите на системот. Па така може да се направи SSADM студија на изводливост како и финансиска и временска анализа. === Финансиска анализа (Економска изводливост) Во делот на финансиска анализа ќе разгледаме колку парични средства ќе ни бидат потребни и дали ќе оствариме профит и колкав ќе биде профитот од создавање на вакво софтверско решение. Бидејќи нашата апликација ќе биде бесплатна за сите корисници, нашиот приход би бил од Министерство За Здравство на Република Македонија, кои би плаќале годишна лиценца. Сите овие пресметки се прикажани на сликата долу заедно со сите останати потребни средства кои ќе ни бидат потребни за реализација на оваа софтверско решение: [[BR]] [[BR]] [[Image(2.png)]] Вo табелата е прикажана економската изводливост по развој на системот, после 1, 3 и 5 години. [[BR]] [[BR]] [[Image(1.png)]] [[BR]] [[BR]] Со користење на Odoo ние уште во првата година би оствариле профит, но доколку гледаме на подолгорочен период ќе видиме дека изработката и имплементацијата на нашето софтверско решение е поисплатливо. Доколку ги споредиме нашето софтверско решение и готовото софтверско решение Odoo после 5-тата година ќе забележиме дека имаме остварено профит од 179,320€ наспроти Odoo со 161,850€. За изработка на нашето софтверско решение би ни биле потребни 1 Project Manager со бруто плата од 3000€ и 5 програмери со бруто плата од 1500€. Додека пак за Odoo би ни биле потребни 2-ца програмери за изработка и имплементација но и за одржување со просечна бруто плата од 1500€. За нашето софтверско решение би ни бил доволен еден програмер за одржување на софтверот со просечна бруто плата од 1500€. Excel документот со сите пресметки можете да го преземете тука[attachment:Studija-na-izvedlivost.xlsx] === Техничка изводливост За да можат корисниците да го користат нашиот систем пред се треба да поседуваат мобилен телефон, компјутер или преносен компјутер. Но, во денешно време повеќето од корисниците поседуваат некој од овие уреди. Исто така треба да бидат поврзани на интернет. Додека пак за болниците би бил доволен таблет за користење на нашата апликација за да можат вработените во болницата да ги следат резервите на крвта во секое време. Исто така треба да бидат поврзани на интернет. === Операциона изводливост Се базира на аспекти како што се: аспект на потенцијални/постојани крводарители, аспект на вработени во болниците. ==== Од аспект на потенцијални/постојани крводарители Потенцијалните и постојаните крводарите ќе бидат корисници на нашиот систем за да можат да ги следат сите можни крводарителски акции кои ќе бидат организирани за потребите на болниците. Овие корисници на нашиот систем ќе можат во секое време да ги следат крводарителските настани, но и да добиваат известување за хитни крводарителски акции за одреден тип на крв. ==== Од аспект на вработени во болниците На самиот почеток при имплементирање на нашиот систем во болниците на самите корисници односно на вработените во болницата ќе им биде потребно одредено време за да се навикната на работата на новиот систем. Но овој систем ќе им ја олесни работата затоа што тие во секој момент ќе имаат увид за резерви на крв, доколку има недостаток на некој тип на крв можат да организираат крводарителски акции или пак да известат крводарители со тој тип на крв за да донира крв за да се помогне на пациентот, или пак да контактираат други болници за хитно пренесување на одреден тип на крв. === Временска изводливост Ќе направиме анализа според RUP поделена во повеќе итерации за временската изводливост. ==== **Иницијализација (итерација бр.1)** Во овој дел правиме проценка на обемноста на проектот и декларираме визија. Визијата треба да дадеме одговор на три клучни прашања и тоа: Дали тоа софтверско решение е изводливо да се направи? Дали нивото на ризик е прифатлив? Дали е проектот прифатлив од финансиска страна? Исто така треба да се земат во предвид и барањата и желбите на корисниците. Односно да се направи листа на кориснички барања. ==== **Иницијализација (итерација бр. 2)** Тука пред да почнеме да правиме план за Елаборација најпрвин потребно е да се утврдат и прошират листите за корисничките барања. Исто така потребно е да се детализира и визијата. Итерација број 1 и Итерација број 2 треба да бидат завршени во рок од **20 дена**. ==== **Елаборација (итерација бр.1)** Во првата итерација на Елаборацијата најпрвин ќе се започне со UML дијаграмите, Use-Case моделите за сите функционалности на системот како и со дефинирање на архитектурата на системот. ==== **Елаборација (итерација бр.2)** Во втората итерација треба да се направи и прототип за архитектурата, да се додефинираат use-case моделите за функционалностите на системот. ==== **Елаборација (итерација бр.3)** Во третата итерација би ги детализирале use-case моделите како и би направиле прв прототип за архитектурата на системо. Овие три итерации во фазата на Елаборација би требало да бидат завршени во рок од **55 дена**. ==== **Конструкција (итерација бр.1)** Конструкцијата би траела најдолго затоа што најпрвин потребно е да се дизајнираат сите кориснички барања, да се имплементираат истите и да се направи прв прототип на системот. ==== **Конструкција (итерација бр.2)** Во втората итерација треба да направиме тестирање на сите кориснички барања, да направиме финален прототип на системот, да се направи план за транзиција но исто така треба и да се направи документација за системот (корисничка документација). За фазата на конструкција да биде завршена би ни биле потребни околу **80 дена**. ==== **Транзиција (итерација бр.1)** Обука на вработени за користење на системот, транзиција на системот во опкружувањето. За вработените кои ќе го користат системот ќе им биде потребна обука за начинот на функционирање на системот. Исто така, тоа се однесува и за сите корисници во опркужувањето на системот односно на потенцијалните крводарители и постојните крводарители. За успешно завршување на оваа фаза ќе ни бидат потребни **25 дена**. ===== Вкупно: 180 дена (6 месеци)