= BusinessCase = == 1. Цели == Оваа секција ги опишува главните цели на проектот **ФИНКИ Роадмап**. * Да им помогне на студентите при избор на предмети со појаснување на нивната содржина, поврзаност и тежина. * Да овозможи визуелен приказ на академската патека според избраната насока. * Да понуди препораки за наредни предмети и ресурси за подготовка. == 2. Предности == * Подобро информирање на студентите при избор на предмети. * Намалување на конфузија околу предуслови и логичко редоследување. * Персонализирана академска патека според интереси и положени предмети. * Централизирана платформа со информации, искуства и совети од други студенти. == 3. Проценети ризици == ||= Ризик =||= Опис =||= Тип =||= Импакт =||= Веројатност =||= Магнитуда =||= Справување со Проблемот =|| || Некоректни препораки || Алгоритмот не дава соодветни препораки за изборни предмети || И || 5 || 0.1 || 0.5 || Подобрување на алгоритмот и тестирање со реални податоци || || Губење на податоци || База на податоци е компромитирана поради хакерски напад или грешка || Д || 5 || 0.05 || 0.25 || Редовни резервни копии и сигурносни мерки || || Ниска употребливост || Корисниците имаат тешкотии во користење на апликацијата || И || 3 || 0.12 || 0.36 || Оптимизација на корисничкиот интерфејс || || Проблеми со серверот || Серверот е недостапен во критични моменти || Д || 4 || 0.20 || 0.8 || Мониторинг на серверот ||