== Визија ---- === 1. Вовед ФИНКИ Роадмап е веб-платформа наменета да им помогне на студентите на ФИНКИ подобро да ги разберат предметите што ги запишуваат, како и да им даде насоки за идните предмети што ќе ги следат. Целта на проектот е да обезбеди јасен преглед на наставната програма, да понуди корисни информации за содржината на секој предмет, препораки за подготовка, и да ги поврзе предметите според нивната логичка и тематска поврзаност. Со тоа, студентите можат полесно да планираат и носат информирани одлуки за своето академско патување. === 2. Позиционирање ==== 2.1 Дефиниција на проблем Студентите на ФИНКИ често се соочуваат со недоволна информираност при изборот на предмети во текот на своето студирање. Недостига централизирана, јасна и лесно достапна платформа каде што можат да најдат објаснувања за содржината на предметите, нивната тежина, предзнаења што се очекуваат, како и логичката поврзаност помеѓу различни курсеви. Ова доведува до несигурност, недоволна подготвеност и понекогаш до избор на предмети кои не одговараат на нивните интереси или академски план. Потребна е алатка што ќе го води студентот низ наставната програма со јасна структура и совети базирани на искуства и поврзани предмети. ==== 2.2 Позиција на пазарот Проектот ФИНКИ Роадмап има потенцијал да пополни значајна празнина во академската поддршка за студентите на ФИНКИ. Иако факултетот нуди основни е-услуги како пристап до материјали, календари и форумски дискусии преку платформата students.finki.ukim.mk, овие алатки не обезбедуваат сеопфатен водич за планирање на студиите, разбирање на предметите и нивната меѓусебна поврзаност. Во моментов, студентите се потпираат на неформални извори како што се Discord групи, Reddit дискусии и GitHub проекти како FINKI Hub, кои обезбедуваат одредени информации, но не се официјално поддржани и често се неструктурирани. === 3. Опис на засегнати лица ==== 3.1 Преглед ||= Име =||= Опис =||= Одговорност =|| ||!Студент/Корисник||Корисник на Finki Roadmap|| Да се информира за одредени предмети || ||Девелопер|| Одговорен за развивање на Finki Roadmap || Развивање || ||Оддржувач|| Одговорен за идни информациски промени || Оддржувач на информациите од сајтот на ФИНКИ || ==== 3.2 Корисничка околина Корисничката околина на ФИНКИ Роадмап ќе биде дизајнирана со фокус на јасност, интуитивност и лесна навигација, имајќи ги предвид потребите на студентите. Таа треба да обезбеди пријатно корисничко искуство при планирање и информирање за предметите. === 4. Преглед на продуктот ==== 4.1 Потреби и карактеристики ||= Потреба =||= Приоритет =||= Карактеристики =|| || Приказ на предмети по семестри и насоки || Висок || Приказ на предмети организирани по студиска програма и семестри, со филтрирање по насока || || Детали за предмет || Висок || Приказ на информации за секој предмет: ЕКТС, опис, предуслови, поврзани предмети, ресурси и искуства од студенти || || Визуелна роадмап навигација || Висок || Интерактивен дијаграм за визуелен преглед на логичката поврзаност на предметите || || Препораки за наредни предмети || Висок || Сугестии за предмети кои следат по тековно положени, базирани на логика на наставната програма || || Персонализирано планирање || Висок || Можност за креирање на сопствен академски пат според интереси и претходно положени предмети || === 5.Други барања ||= Потреба =||= Приоритет =|| || Интернет конекција || Задолжително || || Мобилен телефон или компјутер || Задолжително || || Веб прелистувач || Задолжително ||