= Речник на термини за системот за CRM = == Главни актери во системот == === Корисник === Било кој корисник на системот. Замислено е системот да биде користен од целиот кадар во рамките на факултетот, освен студентите. Во корисници би биле вклучени и надворешните соработници, во зависност од нивната потреба за користење на системот. === Управен кадар === Еден од типовите на корисници. Во себе ги вклучува сите наставници и останатиот управен кадар кој не држи настава (пр. декан, продекани, шефови на институти и сл.). === Наставен кадар === Дел од управниот кадар кој е исклучиво наставен (професори, асистенти, демонстратори). === Технички кадар === Службата за студентски прашања заедно со целиот технички персонал, од типот на секретари, благајници и сл. == Други улоги на актерите во различните use-case-и == === Закажувач === Актер од управниот кадар кој има право да закажува и повикува/поканува други корисници за состанок или телефонски повик. === Поканет === Актер од било кој дел (корисник) кој може да биде повикан/поканет на состанок или телефонски повик. === Доделувач === Актер од управниот кадар кој доделува работна задача или проект на друг корисник. === Извршител === Актер од било кој дел (корисник) кој добива работна задача за извршување од страна на актер од управниот кадар. === Носител === Актер од наставниот дел кој добива задолжение да биде носител и одговорен за некој регистриран проект во системот. === Пријавувач === Актер од било кој дел (корисник) кој пријавува проблем. === Задолжен === Актер од било кој дел (корисник) кој е задолжен за решавање на некој претходно пријавен проблем. == Останати термини == === CRM (Custоmer Relationship Mаnagеment) === Израз за методологиите, софтверот, и вообичаено интернет можностите кои му помагаат на едно претпријатие да ги управува врските со клиентите на организиран начин ([http://searchcrm.techtarget.com/sDefinition/0,,sid11_gci213567,00.html повеќе информации]). === Факултет === Високообразовна институција за едукација на студенти со цел да се стекнат со експертни знаења во областа за која студираат. === Календар === * Општ календар - во кој се наведени датумите и роковите за извршување на некои заеднички активности за повеќе корисници. * Личен календар - во кој се наведени датумите и роковите за извршување на активностите и задачите за актерот кој побарува приказ (само тој може да го види личниот календар). === Статус на ден === Статус на ден претставува избор/преглед дали засегнатиот ден е работен или неработен. === Неработен ден === Денови кои се прогласени за неработни за факултетот од страна на надлежната институција (надлежно министерство, универзитет). === Генерален распоред === Дел од општиот календар во кој се определени статусите на деновите од идниот период. === Активност === Некое очекувано однесување кое може да се регистрира во системот. Системот ги разликува следните типови на активности: * '''Телефонски повик''' - закажување на извршување на телефонски разговор во определено време, помеѓу определени личности и на определена тема. * '''Состанок''' - закажување на непосреден контакт помеѓу најмалку две личности во определено време, на определено место и со определена тема и/или агенда. * '''Работна задача''' - задавање на добро дефиниран процес кој треба да биде извршен од страна на определена личност во определени временски рамки. === Настан === Случување организирано од страна на факултетот. Може да биде семинар, промотивна (маркетинг) кампања, конференција, научен собир и сл. === Буџет на настан === Парични средства планирани за овозможување на организацијата на соодветниот настан. === Филтер === Средство со кое се одделуваат податоците кои ги бараме од непотребните и ни се прикажуваат само тие. === Шанса === Можност за унапредување на угледот и финансиската состојба на факултетот со помош на изведување на некој проект. Примери: тендер, отворени научни проекти, интересни контакти со потенцијал за проекти и сл. === Проект === Посложена целина од работни задачи која побарува ангажман на најмалку едно лице вработено во факултетот. === Проектни фази === Делови на кои логички е разделен еден проект, со цел полесна изработка и воведување на евентуален паралелизам при изведбата. === Проблем === Дефект појавен во било кој дел од работењето на факултетот. Примери: забележана печатна грешка во било каква публикација, неажурирани web страници, огласни табли, необјавени соопштенија, погрешно изработени работни задачи и сл.