== CRM го решава проблемот на: == * Лоша интеракција со студентите, особено со потенцијалните. Може да биде проблем во комуникацијата помеѓу наставниот кадар и студентите, но и службата за студентски прашања и студентите. * Слаба координираност на вработените во факултетот (најчесто студентски прашања), во контекст на комуникација со студенти. * Слаба координираност при работа на научно-истражувачки проекти или при подготовка на наставни планови и содржини. * Доцнење на информациите во комуникацијата во рамките на факултетот (претпоставен-подреден), но и во комуникацијата помеѓу факултетот и студентите. * Проблематична размена на документи во рамките на факултетот. * Нетранспарентно и проблематично управување со контактите на факултетот. * Немање механизам за евалуација на вредноста на вработените, во смисол работата која ја завршиле. == Засегнати од проблемот се: == * Студенти, кои имаат проблеми при комуникацијата со студентски прашања или со своите професори. * Потенцијални студенти, кои сакат подетално да се информираат за факултетот. * Кадар на факултетот (без разлика на наставен или технички), кој има проблеми во меѓусебната координација и комуникација, но и комуникацијата со студентите. * Управувачки дел од кадарот на факултетот, кој има проблем при барањето на „тесни грла“ или при вреднување на вработените. * Надворешни соработници, кои само привремено работат со или во факултетот. == Проблемите доведуваат до: == * Губење на потенцијални студенти, заради слабата информираност. * Незадоволство кај моменталните студенти, заради бавната и сложена комуникација. * Губење на потенцијални надворешни научно-истражувачки проекти, или проекти за унапредување на наставната програма. * Лоша комуникација помеѓу кадарот на факултетот, што доведува до нивно незадоволство и/или ниско ниво на меѓучовечки односи. * Незадоволство кај вработените во факултетот заради нетранспарентна или неправична евалуација на исполнувањето на работните задачи и обврски. == Успешно решение би: == * Помогнало за забрзување на патувањето на информациите низ универзитетската организација (професор - студент, професор - професор, професор - технички персонал, технички персонал - студент). * Довело до подобрување на односите помеѓу вработените внатре во факултетот, но и односите помеѓу вработените и студентите. * Привлекло повеќе студенти. * Олеснило земање на повеќе проекти (научно-истражувачки и наставни). * Ја олеснило соработката со надворешни ентитети. * Го подобрило, олеснило и направило потранспарентно вреднувањето (евалуацијата) на кадарот.