= CRM: Дефинирај неработни денови = == Актери == Управен кадар. == Контекст == Заради користење во други use-case-и, каде постои ограничување за распоредувањето на активностите, потребно е актерот периодично да го обновува генералниот распоред на работните и неработните денови на факултетот. == Ниво == Поддршка. == Предуслови == / == Постуслови == * Неработните денови се регистрирани и обележани во општиот календар. * Во use-case-ите [wiki:CRM_zakaziSostanok Закажи состанок], [wiki:CRM_zakaziTelPovik Закажи телефонски повик] и [wiki:CRM_dodeliRabotnaZadaca Додели работна задача] повеќе не е можно користење на деновите кои се регистрирани како неработни, а ако веќе има распоредено некое случување од таков тип, одговорните (актерите на тие use-case-и) на тие use-case-и се известуваат и се бара промена од нивна страна. == Бизнис правила == * Неработните денови актерот ги добива периодично од релевантните институции или се заклучуваат на некој состанок, и задолжително е во рок од 5 дена од кога му е ставено до знаење, да ги објави. * Во случај некоја од активностите да мора да се случи за време на неработни денови, потребна е согласност и од страна на распоредувачот, и од страна на извршителот на активноста. == Апликациски правила == * Не смее да им се менува статусот (работен/неработен) на изминатите денови. == Сценарио == 1. Актерот го бира периодот за кој ќе ги дефинира неработните денови. 2. Системот ја пресметува и прикажува листата со преддефинирани работни и неработни денови (викенди, новогодишни празници, повторливи државни празници) за тој период. 3. Актерот ја корегира листата на преддефинирани работни и неработни денови за избраниот период. 4. Системот испраќа известувања до сите корисници со известувања за неработните денови кои претстојат, а не се дел од викендите. 5. Системот испраќа барања за преместување на активности до корисниците кои распоредиле некоја активност на претстоен неработен ден. 6. Новите неработни и работни денови се зачувани и достапни на календарите. == Алтернативи == ==== Варијации ==== 3а. Некој од преддефинираните неработни денови станал работен, и се менува неговиот статус.[[BR]] 3б. Некој од преддефинираните работни денови станал неработен (нов државен празник, празници кои не се зависни од датумот), се менува нивниот статус и се дефинира дали да има годишна повторливост кај нив.[[BR]] 4а. Во случај да постојат денови од викендите кои станале работни, во известувањата се испраќаат и тие денови.[[BR]] 6а. Во случај да постојат денови од викендите кои станале работни, во календарите се менува статусот и на тие денови. ==== Исклучоци ==== / == Екрани == ''Референци кон прозорци или web страници кои ќе бидат прикажувани при извршувањето на овој use-case.''[[BR]] Забелешка: Ќе се користи за референци кон прозорците на SugarCRM кои се соодветни на опишуваниот use-case. == Фреквенција == На почетокот од годината, према листата на сите празници важечка за претстојната година и по еднаш најмногу 5 дена по секое ново известување стигнато до управниот кадар.