= CRM: Групирај контакти = == Актери == Корисник. == Контекст == Актерот има потреба од групирање на повеќе меѓусебно поврзани контакти во т.н. група заради поедноставна употреба на останатите функции на системот и јасно групирање на контактите во категории према нивните врски или заеднички карактеристики (пр. повеќе соработници, вработени во иста институција во заедничка група, повеќе студенти од иста година во заедничка група). == Ниво == Јадро. == Предуслови == * Постои збир на веќе внесени контакти кои е потребно да се групираат меѓусебно. == Постуслови == * Контактите се групирани, постои именувана група за нив која може да се искористи за дефинирање на асоцијација со некој друг дел од системот. == Бизнис правила == * Постои јасна корелација помеѓу клиентите, претходно внесена во системот (иста организација за сите клиенти, иста година на запишување за студентите, ист институт, иста насока...). == Апликациски правила == * Групите имаат наследни релации помеѓу себе. * Ист контакт може да биде член на повеќе групи. * Празна група не смее да постои. == Сценарио == 1. Листање на сите контакти или листање на некој дел од листата на контакти према филтер. 2. Селектирање на дел или сите од излистаните контакти. 3. Дефинирање на податоци за групата (име, заедничка карактеристика пр. адреса, име на организација, година на студирање...). 4. Зачувување на групата во системот. == Алтернативи == ==== Варијации ==== 4а. Дефинирање на релација со некоја друга група и зачувување во системот. ==== Исклучоци ==== 2а. Ниеден контакт не е селектиран за групата. == Екрани == ''Референци кон прозорци или web страници кои ќе бидат прикажувани при извршувањето на овој use-case.''[[BR]] Забелешка: Ќе се користи за референци кон прозорците на SugarCRM кои се соодветни на опишуваниот use-case. == Фреквенција == /