= CRM: Пријави проблем = == Актери == Корисник (пријавувач и задолжен). == Контекст == Актерот има потреба од пријавување на проблем во некој од процесите во факултетот. Проблемот може да се однесува на некој печатен документ од факултетот (без разлика дали е објавен на CRM системот), web страница, извршена услуга од страна на студентски прашања, други делови од CRM системот во вид на работна задача... == Ниво == Јадро. == Предуслови == / == Постуслови == * Проблемот е пријавен и нуди можност да се следи или разреши преку системот. * Задолжениот (ако не е пријавувачот) е известен за проблемот. == Бизнис правила == / == Апликациски правила == * Потребно е вметнување на информација за приоритет на проблемите и подредување на проблемите за кои еден корисник е задолжен по нивниот приоритет. == Сценарио == 1. Актерот пријавувач ги внесува потребните податоци за проблемот (тип, на што се однесува, каде се наоѓа или како се репродуцира, приоритет). 2. Се бира актер задолжен за разрешување на проблемот, се испраќа известување до него. 3. Актерот задолжен за проблемот одговара позитивно, така проблемот е доделен на него да го разреши. 4. Проблемот се зачувува и објавува на системот. == Алтернативи == ==== Варијации ==== 3а. Актерот до кој е испратено барање за задолжување враќа негативно, бидејќи проблемот не се наоѓа во доменот на неговите можности или ингеренции. Актерот пријавувач, во овој случај, бира нов актер за задолжување и испраќа барање до него. ==== Исклучоци ==== / == Екрани == ''Референци кон прозорци или web страници кои ќе бидат прикажувани при извршувањето на овој use-case.''[[BR]] Забелешка: Ќе се користи за референци кон прозорците на SugarCRM кои се соодветни на опишуваниот use-case. == Фреквенција == /