= CRM: Регистрирај исход од активност = == Актери == Управен кадар, корисник. == Контекст == Актерот внел некоја активност (работна задача, тел. повик или непосреден состанок) и има потреба од внесување на исходот од таа активност, евентуални заклучоци, коментари и слично. == Ниво == Јадро. == Предуслови == * Актерот е создавач на некоја активност (работна задача, тел. повик или непосреден состанок) во системот која изминала (крајниот рок или планираното време е поминато). == Постуслови == * Исходот од активноста е внесен во системот. * Останатите актери поврзани со активноста се известени во врска со нејзиниот исход. == Бизнис правила == * Актерот кој го внесува исходот од активноста не добива известување во врска со внесениот исход. == Апликациски правила == / == Сценарио == 1. Бирање на активност од сите за кои актерот е регистриран и се изминати. 2. Внесување на податоци за исходот од активноста (доработена или недоработена, одржан или неодржан, заклучоци...). 3. Зачувување на исходот и информирање на останатите засегнати актери. == Алтернативи == ==== Варијации ==== 2а. Ако веќе постои регистриран исход за активноста, се пристапува кон use-case [wiki:CRM_vnesiZabeleskaIliPrilogDatoteka Внеси забелешка или прилог датотека]. ==== Исклучоци ==== / == Екрани == ''Референци кон прозорци или web страници кои ќе бидат прикажувани при извршувањето на овој use-case.''[[BR]] Забелешка: Ќе се користи за референци кон прозорците на SugarCRM кои се соодветни на опишуваниот use-case. == Фреквенција == Најмалку по еднаш за секоја регистрирана активност.