= CRM: Регистрирај исход од активност = == Актери == Корисник. == Контекст == Акетрот на системот партиципирал во некоја активност (работна задача, тел. повик или непосреден) и има потреба од внесување на исходот од таа активност, евентуални заклучоци, коментари и слично. == Ниво == Јадро. == Предуслови == * Корисникот е учесник во некоја активност (работна задача, тел. повик или непосреден) која изминала (крајниот рок или планираното време е поминато) == Постуслови == * Исходот од активноста е внесен во системот. * Останатите корисници поврзани со активноста се известени во врска со нејзиниот исход. == Бизнис правила == * Корисникот кој го внесува исходот од активноста не добива известување во врска со внесениот исход. == Апликациски правила == / == Сценарио == 1. Бирање на активност од сите за кои корисникот е регистриран и се изминати. 2. Внесување на податоци за исходот од активноста (доработена или недоработена, одржан или неодржан, заклучоци...). 3. Зачувување на исходот и информирање на останатите засегнати корисници. == Алтернативи == ==== Варијации ==== 2а. Ако веќе постои регистриран исход за активноста, се пристапува кон use-case „Внеси забелешка или прилог датотека“. ==== Исклучоци ==== 3а. Веќе постои исход во врска со таа активност (другиот исход е внесен додека корисникот го внесувал својот). Се преминува кон точката 2а од варијациите. == Екрани == ''Референци кон прозорци или web страници кои ќе бидат прикажувани при извршувањето на овој use-case.''[[BR]] Забелешка: Ќе се користи за референци кон прозорците на SugarCRM кои се соодветни на опишуваниот use-case. == Фреквенција == Најмалку по еднаш за секоја регистрирана активност.