= CRM: Закажи состанок = == Актери == Корисници (закажувач и поканети). == Контекст == Било кој актер на системот закажува состанок во кој може, но не мора, да вклучи некој друг корисник и/или некој надворешен контакт од оние внесени во делот за контакти од CRM системот. == Ниво == Јадро. == Предуслови == / == Постуслови == * Состанокот е внесен во општиот календар. * Актерите кои се засегнати од состанокот (оние на кои е доделен или оние кои се поканети) се известени, во зависност од референците на корисникот кој го внесува состанокот. == Бизнис правила == * Состанокот не смее да биде закажан за неработни денови. * Присутните (поканетите) немаат закажано друга активност во времето на состанокот. == Апликациски правила == * Неработните денови мора да бидат рачно внесени во апликацијата (можеби со друг use-case). * Контактот со кој ќе биде одржан состанокот е претходно внесен во системот. == Сценарио == 1. Внесување на податоци (предмет, опис, време, времетраење) за состанокот. 2. Додавање на контакти поврзани со состанокот. 3. Поврзување на состанокот со некој друг ентитет од CRM системот. 4. Внесување на локација на одржување на состанокот. 5. Зачувување на состанокот и негово закажување во календарот. == Алтернативи == ==== Варијации ==== 5a. Праќање на покани на контактите засегнати од состанокот пред самото закажување во календар. ==== Исклучоци ==== 2a. Некој од контактите е веќе зафатен во времето предвидено за состанокот. На корисникот му се нудат најблиските слободни термини како алтернативни времиња за состанокот. 4а. Системот детектира дека локацијата е зафатена во периодот за кој е закажан состанокот, и бара повторно внесување. == Екрани == ''Референци кон прозорци или web страници кои ќе бидат прикажувани при извршувањето на овој use-case.''[[BR]] Забелешка: Ќе се користи за референци кон прозорците на SugarCRM кои се соодветни на опишуваниот use-case. == Фреквенција == /