**Архитектура на системот** За овој систем најсоодветна архитектура би била клинет-сервер архитектурата. Системот би функционирал така што ќе има еден централен сервер со кој ќе раководи некој од вработените за администрирање и само тој ќе имаат можност за одредени привилегии како што се внесување, менување и бришење на податоци. Сите овие активности ќе бидат поврзани со база на податоци која се наоѓа на серверот. Останатите вработени/студенти ги немаат привилегиите за пристап до податоците на другите вработени, но нивна должност е зависно од функцијата. Потребно е секојдневно да ги внесуваат своите активности во системот. Тие ја имаат улогата на клиенти во системот. Вработените ќе можат да пристапат до апликацијата со најава на својот профил, за што е потребно интернет конекција. [[Image(http://3.bp.blogspot.com/-iCTBNgqzQtU/VJxJcvKAKrI/AAAAAAAAAHc/2Vnwfss9bmw/s1600/client-server-illustration.gif)]]