'''Детален опис за Електронски уписи на семестар и предмети''' Изработката на системот ќе трае максимум 4 недели. Со тоа што изработката на формата за најавување на студентот на системот ќе трае една недела. Графичкиот кориснички интерфејс во овој дел нема да биде многу важен. Откако студентот ќе биде најавен на системот ќе му се отвори една корисничка страна со подобар кориснички интерфејс. Времето на изработка на корисничкиот интерфејс ќе биде исто една недела. За време на запишување на година и на предмети на почетната корисничка страна на студентот ќе му биде достапно да запишува семестри и предмети. Изработката на формата за запишување на семестри и предмети ќе трае 2 недели, со тоа што ќе се опфатат сите оние потребни информации кои засега се пишуваат на листови за запишување на семестри и предмети. Во овој дел ќе бидат опфатени не само семестрите и предметите кои ги запишува студентот, туку и кредитите кои ги запишува и колку кредити има собрано до сега. Значи системот ќе води сметка и за кретитиде со кои студентот располага. Делот за пријавуање на предмети пред полагање е опфатен во друга сторија, но кога би бил имплементиран овде за него би било потребно најмалку една недела. [wiki:ElektronskiUpisi врати се назад]