{{{ #!html

Електронски упис на семестар и предмети

}}} ---- == Општо за целата приказна == Ваквата услуга би овозможила уписите на семестрите и пријавувањето на предметите да се врши електронски. Системот треба да биде web ориентиран. Студентот ќе може да запише предмети за тековниот семестар. На тој начин електронски би се зачувувале сите предмети кои студентот ги има запишано, колку кредити му носи секој предмет, дали има фатено услов да запише семестар, дали не го надминал дозволениот број на кредити во одреден семестар. Исто така пред да почне некоја испитна сесија апликацијата да дозволи на студентот да пријави соодветни предмети кои ќе ги полага во таа испитна сесија. Со тоа би се водело за сите предмети кои студентот ги пријавил за полагање, кога ги пријавил итн. == Модел на база на Наставен план == Изработка на база на податоци на наставниот план, со сите ограничувања за упис на студентите специфицирани како резултат на зависностите на предметите. Приоритет: 3/3[[br]] __Време: 10 дена__ == Најавување на системот == Треба да се разгледа системот од страна на студент и професор. Студентот треба да може да се логира на системот со корисничко име и лозинка. Професорот исто така треба да се логира на системот. Приоритет: 3/3[[br]] __Време: 5 дена__ == Електронско запишување на семсетар и предмети == Студентот ке ги дефинира основните податоци кои се бараат за запишување на семестар, со тоа што ке ги пријави предметите кои ги положил предходниот семестар, врз основа на што ке му се дефинира листа за предмети коишто ке може да ги запише во наредниот семестар. Во овој дел ќе бидат опфатени не само семестарот кој го запишува студентот, туку и кредитите кои ги запишува и колку кредити има собрано до сега. Значи системот ќе води сметка и за кредитите со кои студентот располага. Приоритет: 3/3[[br]] __Време: 7 дена__ == Списоци на студенти по предмет == Да може системот по пријавувањето на сите студенти да им овозможи на професорите да имаат увид колку студенти го следат предметот и кои се тие. Приоритет: 2/3[[br]] __Време: 4 дена__ == Проверка на упис == По пријавувањето на семестарот студентот ке добие повратна информација за запишан семестар и ке добие детален опис за предметите кои ги слуша. Приоритет: 2/3[[br]] __Време: 2 дена__ ---- [wiki:UserStories врати се назад]