{{{ #!html

Електронски упис на семестар и предмети

}}} ---- == Општо за целата приказна == Ваквата услуга би овозможила уписите на семестрите и пријавувањето на предметите да се врши електронски. Системот треба да биде web ориентиран. Студентот ќе може да запише предмети за тековниот семестар. На тој начин електронски би се зачувувале сите предмети кои студентот ги има запишано, колку кредити му носи секој предмет, дали има фатено услов да запише семестар, дали не го надминал дозволениот број на кредити во одреден семестар. Исто така пред да почне некоја испитна сесија апликацијата да дозволи на студентот да пријави соодветни предмети кои ќе ги полага во таа испитна сесија. Со тоа би се водело за сите предмети кои студентот ги пријавил за полагање, кога ги пријавил итн. Вангел == Внесување на Наставни планови == Изработка на база на податоци за наставните планови, со сите ограничувања за упис на студентите специфицирани како резултат на зависностите на предметите. Нов план е всушност еквивалент на нов студиум и поминува целосна постапка на акредитација и кога ќе биде прифатен оди на конкурс за уписи и тогаш сите новозапишани студенти одат по тој наставен план. Старите студенти имаат рокови за завршување или прилагодување по новиот наставен план. Се поставува правило за еквиваленција на предмети од новиот и стариот наставен план. Галена[[br]] '''Прашања'''[[br]] ''Што би се случувало при секое изгласување на нов наставен план?[[br]] Дали ќе се дозволи промена на еден предмет?[[br]] И што се смета за промена на наставен план? (пр. Се смени фонт на часови на еден предмет, дали е тоа нов наставен план??)'' Приоритет: 3/3[[br]] __Време: 10 дена__ == Внос на студенти и оцени == Изработка на база на податоци на сите запишани студенти и сите предмети. Внесување на положените предмети и оцените кои ги имаат земено, како и запишување на нови предметити(вклучувајќи ги и предметите кои се запишуваат по повеќе пати). Драган [[br]] '''Прашања''' [[br]] ''Дали базата ќе биде наменета и за студентите кои се на посдипломски студии, дали тие ќе се чуваат во базата, како и предметите од посдипломски студии? [[br]] Ако веќе има некоја посотечка база на студенти, подобро е да ја прилагодиме и да ја искористиме истата. Истото важи и за предметите.[[br]] Кој ќе ги внесува оценките во базата? Ако веќе ги внесува професорот на соодветниот предмет, како би се внеле веќе постоечките оцени, кои ги нема во ниедна база? Приоритет: 3/3[[br]] __Време: 7 дена__ == Најавување на системот == Треба да се разгледа системот од страна на студент и професор. Студентот треба да може да се логира на системот со корисничко име и лозинка. Професорот исто така треба да може да се логира на системот. Приоритет: 3/3[[br]] __Време: 4 дена__ == Електронско запишување на семсетар и предмети == Студентот ке ги дефинира ''основните податоци'' кои се бараат за запишување на семестар, врз основа на кои и врз основа на неговите предтходни уписи и положувања, ке му се дефинира листа за предмети коишто ќе може да ги запише во наредниот семестар и ќе може да избира кои предмети ќе ги запише но да не го надмине дозволениот број на кредити при упис (40). Во овој дел ке се води сметка за кредитите кои ги запишува и колку кредити има собранo секој студент. ''Дали постои можност да се слуша повторно положен предмет - кои се условите? Прашање за лимити на кредитите? '' Евица ''Дали има ограничување на тоа колку пати може да се презапише еден предмет?[[BR]] Дали при секое презапишување се плаќа иста цена или пак цената се зголемува со секое презапишување на предметот?[[BR]] Дали ако некој го собере доволниот број на кредити за дипломирање (мислам дека е 240) а не ги ислушаме сите задолжителни предмети кои се за тој смер може да се дипломира?[[BR]] Што се случува ако некој студент нема доволно кредити за да запише семестар? Приоритет: 3/3[[br]] __Време: 5 дена__ == Списоци на студенти по предмет == Да може системот по пријавувањето на сите студенти да им овозможи на професорите да имаат увид колку студенти го следат предметот и кои се тие. Приоритет: 2/3[[br]] Методи __Време: 4 дена__ == Проверка на упис == По пријавувањето на семестарот студентот ке добие повратна информација за запишан семестар и ке добие детален опис за предметите кои ги слуша. Далибор Приоритет: 2/3[[br]] __Време: 2 дена__ ---- [wiki:UserStories врати се назад]