{{{ #!html

Електронски упис на семестар и предмети

}}} ---- == Општо за целата приказна == Ваквата услуга би овозможила уписите на семестрите и пријавувањето на предметите да се врши електронски. Системот треба да биде web ориентиран. Студентот ќе може да запише предмети за тековниот семестар. На тој начин електронски би се зачувувале сите предмети кои студентот ги има запишано, колку кредити му носи секој предмет, дали има фатено услов да запише семестар, дали не го надминал дозволениот број на кредити во одреден семестар. Исто така пред да почне некоја испитна сесија апликацијата да дозволи на студентот да пријави соодветни предмети кои ќе ги полага во таа испитна сесија. Со тоа би се водело за сите предмети кои студентот ги пријавил за полагање, кога ги пријавил итн. Вангел == Внесување на Наставни планови == Изработка на база на податоци за наставните планови, со сите ограничувања за упис на студентите специфицирани како резултат на зависностите на предметите. Нов план е всушност еквивалент на нов студиум и поминува целосна постапка на акредитација и кога ќе биде прифатен оди на конкурс за уписи и тогаш сите новозапишани студенти одат по тој наставен план. Старите студенти имаат рокови за завршување или прилагодување по новиот наставен план. Се поставува правило за еквиваленција на предмети од новиот и стариот наставен план. Галена[[br]] Приоритет: 3/3[[br]] __Време: 10 дена__ == Внос на студенти и оценки == Изработка на база на податоци на сите запишани студенти и сите предмети. Внесување на положените предмети и оцените кои ги имаат земено, како и запишување на нови предметити(вклучувајќи ги и предметите кои се запишуваат по повеќе пати). База ги опфаќа сите видови студии, на сите нивоа на образование. Важно е да се знае дека студентите имаат посебни досијеа за секој различен студиум. Оценките ќе ги внесува професорот за актуелните предмети. Историјатот ќе биде внесен од службите. Драган [[br]] Приоритет: 3/3[[br]] __Време: 7 дена__ == Најавување на системот == Треба да се разгледа системот од страна на студент и професор. Студентот треба да може да се логира на системот со корисничко име и лозинка. Професорот исто така треба да може да се логира на системот. Приоритет: 3/3[[br]] __Време: 4 дена__ == Електронско запишување на семсетар и предмети == Студентот ке ги дефинира ''основните податоци'' кои се бараат за запишување на семестар, врз основа на кои и врз основа на неговите предтходни уписи и положувања, ке му се дефинира листа за предмети коишто ќе може да ги запише во наредниот семестар и ќе може да избира кои предмети ќе ги запише но да не го надмине дозволениот број на кредити при упис (40). Во овој дел ке се води сметка за кредитите кои ги запишува и колку кредити има собранo секој студент. Евица Приоритет: 3/3[[br]] __Време: 5 дена__ == Списоци на студенти по предмет == Да може системот по пријавувањето на сите студенти да им овозможи на професорите да имаат увид колку студенти го следат предметот и кои се тие. Приоритет: 2/3[[br]] Методи[[br]] '''Прашања''' [[br]] Дали системот ќе овозможи дополнително додавање на студенти во списокот (по завршувањето на рокот за пријава)? [[BR]] Дали има ограничувања за минималниот и максималниот број на студенти во списокот?[[BR]] Дали системот сам ќе може да ги распределува студентите (можеби според група на студии), во групи за лабораториски вежби?[[BR]] Дали овој список се однесува само на професорите? [[BR]] Кои податоци ќе ги има во списокот (Дали само име, презиме и индекс или можеби и оценка од претходниот предмет од кој зависи теково-запишаниот) ? [[BR]] __Време: 4 дена__ == Проверка на упис == По пријавувањето на семестарот студентот ке добие повратна информација за запишан семестар и ке добие детален опис за предметите кои ги слуша. Далибор '''Прашања:''' [[BR]] Дали во деталниот опис ќе бидат назначени и предавачите? [[BR]] Дали оваа проверка значи и одобрување на предметите за следење? [[BR]] Дали во информациите ќе биде вклучен и распоредот на часови? [[BR]] Дали имаме опција да се откажеме од предходно пријавен предмет или промена на истиот? [[BR]] Приоритет: 2/3[[br]] __Време: 2 дена__ ---- [wiki:UserStories врати се назад]