= Електронски упис на семестар и предмети = == Општо за целата приказна == Уписите на семестрите и на предметите да се врши електронски. Системот да биде веб ориентиран така што студентот ќе има свое корисничко име и лозинка и ќе може да пристапува од било каде. Притоа за време на пријавување на семестри, оваа опција ќе биде достапна кај студентот и тој соодветно ќе може да запише предмети за тој семестар. На тој начин во електронски би се зачувувале сите предмети кои студентот ги има запишано, колку кредити му носи секој предмет, дали има фатено услов да запише семестар, дали не го надминал дозволениот број на кредити во одереден семестар, колку кредити има досега соберено, уште колку кредити му фалат за да дипломира, итн... Исто така пред да почне некоја испитна сесија апликацијата да дозволи на студентот да пријави соодветни предмети кои ќе ги полага во таа испитна сесија. Со тоа би се водело за сите предмети кои студентот ги пријавил за полагање, кога ги пријавил ... итн. Исто така на истиот систем да може студентот да добие соодветен резултат од полагањето на соодветниот испитот. Со што ова на некој начин би преставувало електронски индекс. '''Детален опис за Електронски уписи на семестар и предмети''' Изработката на системот ќе трае максимум 4 недели. Со тоа што изработката на формата за најавување на студентот на системот ќе трае една недела. Графичкиот кориснички интерфејс во овој дел нема да биде многу важен. Откако студентот ќе биде најавен на системот ќе му се отвори една корисничка страна со подобар кориснички интерфејс. Времето на изработка на корисничкиот интерфејс ќе биде исто една недела. За време на запишување на година и на предмети на почетната корисничка страна на студентот ќе му биде достапно да запишува семестри и предмети. Изработката на формата за запишување на семестри и предмети ќе трае 2 недели, со тоа што ќе се опфатат сите оние потребни информации кои засега се пишуваат на листови за запишување на семестри и предмети. Во овој дел ќе бидат опфатени не само семестрите и предметите кои ги запишува студентот, туку и кредитите кои ги запишува и колку кредити има собрано до сега. Значи системот ќе води сметка и за кретитиде со кои студентот располага. Делот за пријавуање на предмети пред полагање е опфатен во друга сторија, но кога би бил имплементиран овде за него би било потребно најмалку една недела. == [wiki:UserStories врати се назад]