= Општо за системот за колоквиуми = Понекогаш распоредот за колоквиумска недела не е успешно направен и студентите се приморани да полагаат 4 или 5 колоквиуми во два дена. Една недела пред колоквиумска недела е недела за пријавување на колоквиуми. Предноста на овој систем е во тоа што студентите ќе може да си ги распоредат колоквиумите онака како што им одговара, и онака како што ќе можат да постигнат најдобри резултати. * пред секоја недела за пријавување колоквиуми потребна е една недела за договарање и внесување на термините за колоквиумите од страна на асистентите и професорите * една недела е недела за пријавување на колоквиуми == Колоквиуми - поставување развојна околина == За да се развива и тестира паралелено системот треба да се постави развоен сервер. На серверот ќе има инсталирано MS SQL Server 2000, Windows Server Web 2003, .Net 3 framework. Треба да се инсталира базата. Време: 1 ден == Колоквиуми - закажување термини == Треба професорите да можат да закажат повеќе термини за полагање на еден колоквиум (најмалку три) земајќи во предвид слободни простории и слободни лаборатории. Приоритет: 3/3 Време: 7 дена == Колоквиуми - избор термини == Студентот се логира на системот и избира кој термин од наведените најмногу му одговара. Со тоа студентот сам го составува распоредот во колоквиумска недела. Со самиот избор на термин студентот си резервира место за истиот колоквиум, а ако не избере термин се смета дека тој нема да оди на колоквиум на тој предмет. Приоритет: 3/3 Време: 7 дена == Колоквиуми - списоци на пријавени студенти == По завршетокот на неделата за пријавување се објавува конечна листа за сите термини и за сите колоквиуми. Приоритет: 3/3 Време: 2 дена == Колоквиуми - поставување сервер == За да тргне системот во живо треба да се инсталира сервер. На серверот ќе има инсталирано MS SQL Server 2000, на друг сервер ќе има Windows Server Web 2003, на трет сервер има и .Net 3 framework. Треба да се инсталира апликацијата (кога ќе се направи). Треба да се инсталира базата. Ќе треба да се тестира дали работи на новата платформа. Приоритет: 3/3 Време: 1 ден. [wiki:UserStories врати се назад]