= Општо за системот за колоквиуми = Понекогаш распоредот за колоквиумска недела не е успешно направен и студентите се приморани да полагаат 4 или 5 колоквиуми во два дена. Сакаме систем во кој студентите ќе може да си ги распоредат колоквиумите онака како што им одговара, и онака како што ќе можат да постигнат најдобри резултати. * пред секоја недела за пријавување колоквиуми потребна е една недела за договарање и внесување на термините за колоквиумите од страна на асистентите и професорите * една недела е недела за пријавување на колоквиуми == Колоквиуми - закажување термини == Треба професорите да можат да закажат повеќе термини за полагање на еден колоквиум (најмалку три) земајќи во предвид слободни простории и слободни лаборатории. Приоритет: 3/3 Време: 7 дена == Колоквиуми - избор термини == Студентот се логира на системот и избира кој термин од наведените најмногу му одговара. Со тоа студентот сам го составува распоредот во колоквиумска недела. Со самиот избор на термин студентот си резервира место за истиот колоквиум, а ако не избере термин се смета дека тој нема да оди на колоквиум на тој предмет. Приоритет: 3/3 Време: 7 дена == Колоквиуми - списоци на пријавени студенти == По завршетокот на неделата за пријавување се објавува конечна листа за сите термини и за сите колоквиуми. Приоритет: 3/3 Време: 2 дена [wiki:UserStories врати се назад]