{{{#!rbox Back to MarketAssessment }}} = Визија = == 1. Вовед== Информациски систем за проценка на пазарот, анг. Market Assessment Information System, е прв систем кој дава информации за базите на податоци на пазарот во Р. Македонија, со цел да се задоволат барањата на корисниците. == 2. Позиционирање == Во денешно време, работите и процедурите во голема мера се префрлаат на електронска форма. За секој таков софтвер, се користи база на податоци каде на прегледен начин се чуваат податоците. Многу често кога треба да се дознае нешто во врска со нудење или барање услуга во врска со бази на податоци, потребно е испитување и барање информации од повеќе извори, се со цел да се направи соодветен избор. Моментално, во Македонија не постои едно место каде ги има сите потребни информации во врска со користењето на бази на податоци. Одделно, секоја образовна институција објавува на својата страна информации за едукациите кои ги држи, компаниите кои нудат услуга можат да формираат понуда со оглед на барањата и потребите, професионалците можат своеволно да се обратат на одредени места, меѓутоа сите тие информации не се собрани во еден ситем кој е валиден и ажуриран. === 2.1 Problem Statement === * Проблемот на: Недостаток на диверзифицирани, ажурни и точни информации поврзани со базите на податоци, се што е потребно за нивно учење, одржување и користење. * влијание: Студенти, професионалци и експерти од различни сфери, компании, институции и образовни институции. * импакт: Влијае на раличен начин кај различните споменати заинтересирани страни. * Студенти:Студентите како целна група во овој проект генерално се соочуваат со проблеми поврзани со изнаоѓање соодветен и релевантен материјал за учење надвор од формалниот процес на студирање во поглед на проширување на нивното практично знаење и личните интереси за унапредување. Немањето на информации за тековните трендови на технологии кои се користат во компаниите и како во пракса изгледа работата претставуваат потешкотија при првото вработување бидејќи е потребен подолг период на адаптација. Студентите немаат информација за компаниите каде би оделе на пракса и што би била нивната улога таму со цел да можат соодветно да ја изберат комапнијата врз база на нивните преференци. * Професионалци и експерти од различни сфери: Друга категорија на засегнати лица за горенаведениот проблем се професионалци и експерти од различни сфери. Тие имаат потреба, во зависност од својата професија, постојано да ги следат трендовите на технологиите и по потреба да се едуцираат. Потребно е да имаат информација каде може да се најдат и кој се нуди едукации. Освен едукации, потребни им се информации од типот на барани профили во областа и со кое ниво на експертиза се. Исто така, овде ја имаме и обратната ситуација, односно самите професионалци или експерти можат да бидат во улога на едукативно тело. Исто така имаат потреба да го пласираат своето знаење и вештини и со тоа да понудат услуги во соодветната област. * Компании: Компаниите се соочуваат со прашањето каде можат да најдат едукација за сопствената понуда односно соодветен кадар за работа со бази на податоци прилагодена кон целите на нивната понуда. Потребни и се информации за она што е најактуелно и најдобро во моментот како технологија, колку истата е достапна и дали соодвестува на понудата која ја даваат, кои услуги ги нуди таквата технологија, дали постои слободна верзија на истата или во спротивно која е цената на лиценцата. Потребни им се основни податоци за постоечките конкуренти и подетални информации за компаниите во кои гледаат потенцијал за партнерство за да согледаат во што можат да соработуваат кои се нивните заеднички цели или можеби задничко остварување на нови идеи. Компаниите имаат и потреба од сумирање на она сето тоа што самата компанија го прави, кои услуги и сервиси ги нуди, а кои други што недостасуваат и се потребни, како истите би ги добила и од кого, нуди или бара одржување итн. * Институции: Институциите имаат проблем при барање на соодветен кадар за работа со бази на податоци. Имаат недостаток на информации за услуга и производ - за да можат да одберат соодветна понуда. Каде можат да се обратат за да ги едуцираат своите вработени при работење со бази на податоци. * Образовни институции: Образовните институции имаат недостаток од информации за побарувањата на соодветиот пазар, за какво знаење да нудат на нивните курсеви и наставни програми. Им се потребни ажурирани информации за трендовите кои се актуелни. Како и ажурирани информации за другите образовни институции и компании со кои би можеле да остварат идна соработка. * a successful solution would be: Успешно решение би било една база на податоци каде ќе ги има сите информации за горенаведените прашања. Позитивен резултат од ова решение повлекува олеснато користење на бази за податоци и лесен пристап со информации за нивните перформанси и начини за користење. {{{#!box type=question Останува прашањето за спојување различни проблеми и последици во ист став за тоа кој е проблемот. Очигледно е дека различните групи имаат различни проблеми, односно различни видови податоци им недостасуваат и различни последици има од тоа. Ова сугерира дека се потребни одделни искази за став за тоа кои се проблемите на секоја од групите и какви последици трпат. }}} === 2.2 Изјава за позиционирање на продукт === * За: Студенти, професионалци и експерти од различни сфери, компании, институции и образовни институции * Кој: Со развојот на информатичката технологија и компјутерската наука се јавуваат се повеќе претпријатија кои нудат различни софтверски решенија за складирање и обработка на податоци во компаниите од различни сектори и специјалности. Поради неконтролираното ширење и недостаток на експерти кои ќе ги упатат во правилна насока се појавува потребата за интегрирана база на податоци која што ќе дава информации на корисниците кое решение најмногу одговара и оптимално ги задоволува нивните потреби. Ова решение, покрај тоа што ќе нуди податоци и информации за базите на податоци кои ги има на пазарот во РМ, ќе се користи и како помошна алатка за студентите за тоа кои бази на податоци се најмногу баарат во РМ и кои компании нудат обуки за одредени бази на податоци. од страна на професори на ФИНКИ забележана е потреба за дефинирање на систем од бази на податоци кои што ќе содржат информации за различните бази на податоци што се користат во Р. Македонија, како и тоа кој ги користи, кој ги имплементира, развива и одржува, во кои сфери кој тип на бази се користат, и сите релевантни податоци поврзани со бази на податоци, со цел да се олеснат предавањата и да се упатат студентите во нивното понатамошно учење. {{{#!box type=question Тука треба опис на ситуацијата на засегнатите од горниот ред, а не мислењата на професорите за пазарот. Тоа можете во воведниот дел, но овде треба поинаков текст. }}} * Market Assessment Information System: Прв систем кој овозможува чување на податоци и давање информации за базите на податоци кои се користени и се потребни од страна на претпријатија, институции, професионалци и експерти во Р. Македонија. * That: Оваа база на податоци значително ќе го олесни процесот на бирање на изучување и бирање на бази на податоци * Различно од: Мануелното собирање на податоците од компании,институции итн * Нашиот продукт: Ќе дава информации на сите клиенти за постоечките бази на податоци, нивните перформанси, цена и останати карактеристики и ќе служи како помош при избор на база за податоци == 3. Опис на стеикхолдери == === 3.1 Резиме на стеикхолдери === Студенти, професионалци и експерти од различни сфери, компании, институции и образовни институции * Институции, фирми, компании се организации кои во секојдневното работење имаат потреба од запишување на многубројни податоци. Тие се директно засегнати од овој систем, односно преку него ќе можат да се информираат за различните бази на податоци на пазарот. * Влада - политичката состојба и моменталната влада влијае на економската состојба во државата со тоа и на куповната моќ на таргет маркетот * Инвеститори и кредитори - тоа се луѓе, организации и банки кои преку финансикско инвестирање во развој на системот можат да остварат профит. * Студенти - преку користење на системот можат детално да се запознаат и да ги изучуваат најкористените бази на податоци на пазарот. * Професионалци и експерти од различни сфери - вработени луѓе кои нудат знаење или услуги и кои постојано имаат потреба од следење и изучување на нови технологии и работи во областа. * Сопственици на системот - директно се засегнати од исходот на системот, и преку редовно ажурирање и развој го прават конкурентен на пазарот. - Студенти:Главниот интерес на студентите од системот е полесно следење на технологиите кои се користат и можностите за пракса и доедукација. - Професионалци и експерти од различни сфери: Целта на професионалците и експертите е на најбрз и наједноставен можен начин да ги најдат сите потребни информации во однос на нивно доусовршување, едуцирање и информирање за трендови во областа како и да ги пласираат сопственото знаење и услугите кои што ги нудат. Притоа тие треба да достават точни информации за тоа што го нудат и што сакаат да го пласираат и притоа постојано да се ажурираат тие податоци. Нивните интереси за наоѓање на потребните информации би ги добивале во вид на некаква анализа. - Компании: Под нивна одговорност подлежи дефинирање јасни барања за услугите и сервисите кои се потребни за развивање на системот согласно нивната понуда како и одржување на системот по неговата имплементација. Исто така треба да обезбедат точни и валидни податоци поврзани со базите кои што ги користат и нивните имплементатори за да се обезбеди функционионалноста и корисноста од системот. - Одговорноста на институциите како и образовните институции е редовно ажурирање на нивите податоци - трендови, барања за понуда-услуги и производи, едукации во ситемот. Од горенаведените засегнати страни, корисници на ситемот ќе бидат компаниите, институциите и студентите. === 3.2 Корисничка околина === Бројот на корисници на системот нема да биде ограничен. Секој потенцијален корисник кој припаѓа на горенаведените групи ќе има можност да врши пребарување на базата и внесување на сопствените податоци во базата доколку за таквиот тип на корисник е изготвен прашалник. Просечното време за одговарање на прашалникот би изнесувало од 5 до 10 минути во зависност од корисникот. Институциите и компаниите ќе имаат можност за внесување на своите податоци преку системот и истовремено пребарување на податоците кои се запишани во базата од другите корисници. Студентите ќе имаат можност да вршат само пребарување на базата при што би добиле информации за теми кои ги засегаат нив како пракса, обуки тековни трендови во технологиите кои се користат од областа на управување со базите на податоци. Професионалците ќе имаат можност да ги внесат своите податоци во системот и истовремено да вршат пребарување на веќе постоечките податоци. == 4. Product Overview == === 4.1 Потреби и карактеристики === Главните потреби на корисниците при употребата на системот, Market Assessment Information System, можат да се класифицираат во неколку групи: * Компании: Потреба за нудење на свои производи или услуги на пазарот. Побарување на кадар со кој би се задоволиле потребите на компаниите. Информации кои се поврзани со едукација за вработените во рамките на компаниите. * Институции: Потреба за барање на услуга или производ со цел задоволување на потребите на институцијата. Побарување на кадар и информација за степенот на експертиза за понатамошно вработување во институцијата. Потреба за нудење на свои производи или услуги на пазарот на Р. Македонија. * Образовни институции: Потреба за нудење на обуки за професионалци, експерти и студенти од Р. Македонија. Потреба за нудење на свои производи или услуги. * Професионалци, експерти и студенти: Потреба од информација за кој и каде врши обуки поврзани со со базите на податоци. Информација за презентации и конференции поврзани со базите на податоци од аспект на организатор и локација, побарувачка на услуги и работни позиции како и степенот на експертиза кој е потребен. {{{#!box type=question ОК, ова треба да се структурира по долниот пример. Список на потреби - со приоритет, карактеристики и кога се планира да биде готово. }}} * Need: * Priority: * Features: * Planned Release: * ... * ... == 5. Останати барања за продукт == [At a high level, list applicable standards, hardware, or platform requirements; performance requirements; and environmental requirements. Define the quality ranges for performance, robustness, fault tolerance, usability, and similar characteristics that are not captured in the Feature Set.\\ Note any design constraints, external constraints, assumptions or other dependencies that, if changed, will alter the Vision document. For example, an assumption may state that a specific operating system will be available for the hardware designated for the software product. If the operating system is not available, the Vision document will need to change. Define any specific documentation requirements, including user manuals, online help, installation, labeling, and packaging requirements. Define the priority of these other product requirements. Include, if useful, attributes such as stability, benefit, effort, and risk.] * Requirement: * Priority: * Planned Release: * ... * ... {{{#!box type=question Дали има некои други побарувања кои не се функционалности на некој му требаат, туку некакви карактеристики на системот (стандарди, пракси, перформанси, безбедност, ...)? }}}