== Наративна Форма на Use case-от запишува семестар == 1. Use case-от започнува кога студентот сака да се логира на системот. Тој внесува корисничко име и лозинка. Системот прикажува форма за логирање.Потоа ја проверува валидноста на корисничкото име и лозинката со постоечките во базата. И доколку се е во ред го пушта студентот да се најави на системот.[[br]] 2. Потоа студентот избира предмети кои сака да ги запише во следниот семестар. Системот ги прикажува предметите и за секој предмет пооделно системот го обележува како запишан и му го доделува на студентот.[[br]] 3. Студентот потоа избира група за настава со која сака да ја следи наставата. Системот најпрво ја проверува големината на групата. Доколку не е надмината квотата го запишува студентот во таа група. Ако пак квотата е надмината ги известува студентот и одговорниот за настава дека квотата за крупата “таа и таа“ е надмината, и дека системот сега ќе отвори нова група, која подоцна мора да биде валидирана од одговорниот за настава, со можност групата да биде сменета или избришана.[[br]] 4. Откако студентот ќе ги избере саканите предмети и стисне на копчето за поднесување барање за запишување на семестарот, системот издава поле за внесување на валидна емаил адреса. Доколку студентот веќе има внесено емаил адреса, системот ја прикажува истата и чека таа да биде валидирана од страна на студентот. Студентот запишува нова емаил адреса или ја валидира постоечката соодветно. 5. Сега студетот го комплетира поднесувањето на барање за запишување на семестарот. Системот ги запишува промените во база и го известува одговорниот за настава дека има барање за запишување на семестар кое чека да биде одобрено.[[br]] [[br]] [wiki:zapisuvaSemestar Назад]