**Use-Case Specification: Активирање на обична анкета** **1. Use-Case Name** Активирање на обична анкета **1.1 Brief Description** Корисничко сценарио за активирање на обична анкета во рамки на модулот за анкети на SISng. Сценариото се одвива во случај кога анкетарот ја одбира опцијата за преглед на анкети кои ги создал и не се активни. **1.2 Actors** Анкетар – Лице кое создава обични анкети. Лицето може да биде професор, асистент, демонстратор, десигниран член на СПФИНКИ, член на комисија. **2. Flow of Events** **2.1 Basic Flow** 2.1.1 Анкетарот ја отвора почетната страница. 2.1.2 Анкетарот ја одбира опцијата за преглед на своите анкети кои не се активни во дадениот момент. 2.1.3 Модулот за анкети на екран ги прикажува сите анкети кои се зачувани во базата на податоци од анкетарот и не се активни, во вид на мени и две полиња за внес на почетен и краен датум за активираност на избраната анкета. 2.1.4 Анкетарот внесува почетен и краен датум, избира анкета и го избира копчето за активација. 2.1.5 Модулот за анкети прави валидација за проверка дали крајниот датум го следува почетниот и дали почетниот е еднаков или следен од моменталниот, во базата зачувува дека анкетата е активна доколку анкетата има барем едно прашање и секое прашање има минимум два понудени одговори. **2.2 Alternative Flows** 2.2.1 Анкетарот внесува невалидни датуми. 2.2.2 Модулот за анкети го известува анкетарот дека внел невалидни датуми и/или нема прашање и/или постојат едно или повеќе прашања кои не исполнуваат критериум да имаат минимум два понудени одговори. 2.2.3 Анкетарот ги внесува соодветните датуми и/или прашања со минимум два понудени одговори и го избира копчето за активација. 2.2.4 Модулот за анкети во базата зачувува дека анкетата е активна. **3. Special Requirements** Нема. **4. Preconditions** 4.1 Автентикација, авторизација Анкетарот задолжително треба да е логиран на системот и да има создадено барем една анкета која не е активна во тој момент. 4.2 Пристап до интернет Анкетарот користи компјутер или мобилен уред со интернет конекција. **5. Postconditions** 5.1 Анкетата е испратена до студентите Студентите добиваат нотификација дека имаат анкета за пополнување. 5.2 Увид на резултати Луѓето кои се избрани да имаат привилегии имаат увид на резултатите како и соодветниот анкетар. **6. Extension Points** Нема.