**Use-Case Specification: Пополнување на анкета** **1. Use-Case Name** Пополнување на анкета **1.1 Brief Description** Корисничко сценарио за пополнување на анкета во рамки на модулот за пополнување на анкетина SISng. Сценариото се одвива во случај кога испитаникот добива нотификација за непополнета анкета. **1.2 Actors** Испитаник – Лице кое пополнува анкети. Лицето може да биде професор, асистент, демонстратор, студент. **2. Flow of Events** **2.1 Basic Flow** 2.1.1 Испитаникот ја отвора почетната страница. 2.1.2 Испитаникот ја одбира опцијата за преглед на тековни анкети за пополнување. 2.1.3 Модулот за анкети ги прикажува сите анкети во чијашто целна група спаѓа испитаникот, се активни и не им е поминат рокот за пополнување. 2.1.4 Испитаникот избира анкета со клик на нејзе. 2.1.5 Модулот за анкети гo прикажува првото неодговорено прашање заедно со поле за одговор или понудени одговори за соодветното прашање. 2.1.6 Испитаникот го одговара прашањето на анкетата и ја одбира опцијата да го зачува одговорот. 2.1.7 Чекорите 2.1.5 и 2.1.6 се повторуваат се додека не се одговорат сите прашања. 2.1.8 Модулот за анкети проверува дали секое прашање е одговорено и ги зачувува одговорите, зачувува дека соодветниот испитаник ја пополнал соодветната анкета. **2.2 Alternative Flows** 2.2.1 Испитаникот нема повеќе пристап до соодветната анкета Анкетата била деактивирана или/и биле променети ограничувањата (целна група) додека корисникот ја пополнувал, сценариото завршува тука. 2.2.2 Испитаникот не одговорил едно или повеќе прашања 1. Модулот за анкети проверува дали секое прашање е одговорено и заклучува дека едно или повеќе прашања не се одговорени и го известува испитаникот дека не се одговорени сите прашања. 2. Испитаникот ги одговара прашањата на анкетата и ја одбира опцијата да ги зачува одговорите. 3. Модулот за анкети проверува дали секое прашање е одговорено и ги зачувува одговорите, зачувува дека соодветниот испитаник ја пополнал соодветната анкета. **3. Special Requirements** Нема. **4. Preconditions** 4.1 Автентикација, авторизација Испитаникот задолжително треба да е логиран на системот. 4.2 Пристап до интернет Испитаникот користи компјутер или мобилен уред со интернет конекција. **5. Postconditions** 5.1 Резултати од анкети Резултатите од анкети се променуваат зависно од одговорите на соодветниот испитаник. **6. Extension Points** Нема.