= Како се пишуваат Начини на употреба (Use Cases) = '''Важно:''' ''При пишување на употребни начини'' пожелно е да се употреби еден од двата темплејти: - [wiki:UseCases/NarrativeTemplate сиже] кога се почнува со употребен начин. Овој темплејт е неформален и добар за скицирање на главните идеи - [wiki:UseCases/FullTemplate формален] служи за рафинирани Use-Case-ови. Употребните начини ја опишуваат интеракцијата на корисниците со системот. Тие ја имаат формата на сценарио. Не сите употребни начини опишуваат конкретна интеракција со системот. Некои употребни начини опишуваат ситуации во кои поубаво се гледа како и кога одредена функционалност на системот доаѓа до израз. При разгледување на употребните начини треба да се има в предвид: '''Нивото''':: Нивото ја дава перспективата од која во употребниот начин се гледа на системот. Во овој проект разликуваме две нивоа: - ''општо'' (summary level). Употребните начини во општите ниво даваат слика за процесите кои се одвиваат во рамките на Факултетот или Институтот. Тие не опишуваат функционалности на самиот систем туку процесите во кои тие функционалности наоѓаат примена. Ови употребни начини се обележуваат со знакот плус (+) во насловот. - ''корисничко'' (user level). Употребните начини во корисничко ниво всушност ги опишуваат функционалностите на самиот систем. Обележани се со извичник (!) во насловот. '''Опфатот''':: Опфатот на употребниот начин ги дава рамките во кои сценариото на употребниот начин се случиува. Употребните начини од корисничкото ниво најчесто го имаат ISII (системот) како опфат. Општите use cases како опфат најчесто имаат некоја рамките дефинирани [wiki:PurposeAndScope овде]. == [UseCases/SummaryGoals Oпшти цели (по актер)] == Преглед на општите цели (и начини) според актерите во системот. Страната е добра при запознавање на системот и неговите рамки. Ги опишува главните засегнати страни и целите кои тие сакаат да ги постигнат. == [UseCases/UserLevelUseCases Употребни начини со корисничко ниво] == Преглед на целите кои што се наоѓаат на корисничко ниво (user level goals). Оваа листа ги представува '''функционалните побарувања (functional requirements)''' на системот во изработка. == [UseCases/Index Индекс на употребни начини] == Индекс.