= Зависности = На оваа страна се опишани зависностите (curriculum_link_types) помеѓу предметите за даден наставен план (curriculums). Зависност се смета за бинарна релација помеѓу два предмети за даден наставен план. Понатаму во текстот ќе означуваме П1 и П2 за двата предмети што се во релација. [[br]] До сега се идентификувани 6 типови на зависности и тоа: [[br]] 1. '''Положено''' - П1 може да се слуша само доколку П2 е положен. Положен значи дека студентот има финална оцена по П2. [[br]] 2. '''Слушано''' - П1 може да се слуша само доколку П2 е ислушан од студентот. Положен значи дека студентот има потпис по П2. [[br]] 3. '''Паралелно слушање''' - П1 и П2 мора да се слушаат паралелно во ист семестар. [[br]] 4. '''Избор (замена за изборен предмет)''' - П1 и изборен предмет. П2 е изборот кој се нуди за П1. [[br]] 5. '''Директна зависност (вистински предмет)''' - П1 и П2 се еден ист предмет. Се работи за реален предмет кој може да се упише, а не за на пример изборен предмет. [[br]] 6. '''Еквивалентен предмет''' - П1 и П2 се предмети со иста содржина. Најчесто се работи за ист предмет, кој се нуди на различни насоки или наставни планови. [[br]]