= Зависности = На оваа страна се опишани зависностите (curriculum_link_types) помеѓу предметите за даден наставен план (curriculums). Зависност се смета за бинарна релација помеѓу два предмети П1 и П2 за даден наставен план. [[br]] До сега се идентификувани 6 типови на зависности и тоа: 1. '''Положено''' - П1 може да се слуша само доколку П2 е положен. Положен значи дека студентот има финална оцена по П2. [[br]] 1. '''Слушано''' - П1 може да се слуша само доколку П2 е ислушан. Положен значи дека студентот има потпис по П2. [[br]] 1. '''Паралелно слушање''' - П1 и П2 мора да се слушаат паралелно во ист семестар. [[br]] 1. '''Избор (замена за изборен предмет)''' - П1 и изборен предмет. П2 е предмет кој се нуди како избор за П1. П2 треба да е реален предмет (види Директна зависност). [[br]] 1. '''Директна зависност (вистински предмет)''' - П1 и П2 се еден ист предмет. Мора да се работи за реален предмет кој може да се упише, а не на пример за изборен предмет. [[br]] 1. '''Еквивалентен предмет''' - П1 и П2 се предмети со иста содржина. Најчесто се работи за ист предмет, кој се нуди на различни насоки или наставни планови. [[br]]