[wiki:UserStories врати се назад] == Електронско пријавување на испити == Приоритет: 2/3 == Општо за Електронско пријавување испити == Електронското пријавување на испити би му го олеснило на студентот процесот на пријавување на испити. Потребен е систем во кој студентот не мора да биде физички присутен пред студентски прашања во рокот на пријавување на испити со што би се намалила гужвата и би се заштедило времето на студентите. Втор проблем кој треба да го решава овој систем е поставување предуслови за организацијата на полагањето во една сесија, така што секој институт, катедра, завод, наставник ќе имаат информации за бројот на пријавени студенти, предметите кои ги пријавиле и начинот на полагање. == Избор на испити == Студентот со логирање на системот за пријавување на испити добива листа од предмети кои ги има ислушано и за кои ги има задоволено условите за полагање (потписи,заверен семестар , домашни или други побарувања од самиот професор) На истата страна , но во друга листа треба да има предмети кои веќе ги има положено и кои можат да се преполагаат (условите за преполагање се задоволени).[[BR]] При изборот на предметите студентот треба да одбере и кај кој професор ќе полага , во која декада (ако има повеќе декади),во кој термин (пр. за полагања во лаб.). [[BR]] По завршувањето на изборот се добива известување дали е прифатен изборот на студентот. Ако треба да се плати за полагање на некој предемет да добиеме и информации за начинот и висината на уплатата (пример готова фактура што може и да се испечати).[[BR]] Ограничување: студентот може да се пријави за испит по определен предмет само во двете последователни сесии веднаш по слушањето на предметот.[[BR]] [[BR]] Приоритет: 3/3 Време: 7 дена Бобан '''Прашања''' [[BR]] Дали може да се промени термин на полагање?[[BR]] Дали може да се промени професор кај кој се полага? [[BR]] Дали студентот ќе добие известување ако некој испит е одложен? [[BR]] Дали студентот ќе добие известување за резулатот од неговото полагање? [[BR]] Дали студентот може да полага предмети кои не ги слушал (пр.Капацитети кои завршуваат предвреме)? [[BR]] Дали може да се откаже од некој испит? [[BR]] Што се случува ако откаже испит за кој уплатил за да го полага? [[BR]] == Списоци на пријавени испити == Професорот ќе може да го види моменталниот број на пријавени студенти (и за нив да спреми точен број на соодветен материјал). Може да се овозможи и преглед на сите студенти кои ќе полагаат одреден испит од страна на студентот. Доколку студентот не го пријави испитот во зададениот рок за пријавување, би се покренала постапка за пријавување на испитот, со што би се барало студентот да даде образложение зошто не го пријавил испитот во дадениот временски рок. Приоритет: 3/3 Време: 7 дена Киро == Повратни информации за веќе пријавени испити == Студентите можат да ги гледаат сите претходно пријавени и положени испити и да ја видат целата евиденција поврзана со статусот на пријавата како документ и целиот тек на процесирање на пријавата. Ова би дало можност во целост да се замени пријавата на лист хартија. Приоритет: 2/3 Време: 10 дена