= Упатство за употреба = Корисници на системот се вработените во една образовна институција (наставен кадар, одржувачи на системот) и студентите кои се запишани во неа. На системот секој се најавува со своја корисничка сметка (корисничко име и лозинка за предавачите - професори, асистенти, демонстратори или индекс и лозинка за студентите). [[Image(najava.PNG, align=center, 55%)]] Администраторите на системот може да додаваат, менуваат и бришат курсеви, професори и студенти. [[Image(Dodadi_kurs.PNG, align=center, 55%)]] [[Image(Izmeni_profesor.PNG, align=center, 55%)]] Професорите имаат преглед врз курсевите на кои се тие предавачи. Од тука, може да ги отворат и веќе постоечките форуми и консултации, да ги избришат или изменат. Преглед на курсеви [[Image(PregledajKursevi.PNG, align=center, 55%)]] Преглед на форуми [[Image(PregledajForumi.PNG, align=center, 55%)]] При прегледот на сите консултации, постои можност да се креираат нови консултации, а чекорите се илустрирани во следните слики: [[Image(PregledajKonsultacii.PNG, align=center, 55%)]] [[Image(ZakaziKonsultacii.PNG, align=center, 55%)]] [[Image(ZakaziKonsultacii2.PNG, align=center, 55%)]] Прашања и одговори на консултациите може да поставуваат и студентите и предавачите. [[Image(Prasanja1.PNG, align=center, 55%)]] Дополнително, има можност за оценување на секој одговор, кое што е потполно анонимно. [[Image(Prasanja2.PNG, align=center, 55%)]] Системот нуди и можност за приватни консултации, за кои барање може да се постави од секој корисник на системот (со назначување кој е другиот корисник со кого сака да се оствари комуникацијата). Линкот кој води до приватните консултации се наоѓа во навигациското мени, веднаш под насловот на системот. [[Image(Kons2.png, align=center, 55%)]] [[Image(Kons3.PNG, align=center, 55%)]] [[Image(Kons4.PNG, align=center, 55%)]]